Автор Тема: Електрични тротинети  (Прочитано 5791 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #60 на: 27 Август 2024, 13:30:37 pm »
екипо, поголема глупост од чепкање и репрограмирање на тротинет не постои.

Многу ризичен потег што може премногу лесно да backfire-не.

Колку за контекст, на колега MS тротинет го појачувал да вози побрзо му цркна батеријата и тротинетот целосно после 2 дена и го фрли во ѓубре. Подобро купи си тротинет побрз од сам старт, него некој Петок во гаража да си игра со него.


За поубаво доловување на ситуацијата  ;D



Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #61 на: 27 Август 2024, 14:00:54 pm »
Јас го сменив софтверот на Xiaomi M365. Претходно кога ќе паднеше батеријата под 50% многу послабо забрзуваше, а можеби и максималната брзина беше помала. На успон знаеше да застани ако батеријата ми беше под 50%.

Откако го сменив софтверот, скоро исто забрзува без разлика на колку % е батеријата, а исто така многу е постартен (што и не е многу безбедно оти зашлајфува предното тркало). На успон нема повеќе мака и си вози без разлика на батеријата (добро сеа, сигурно нема да ја искачи Водњанска, макар што немам пробано :) ).

Софтверот ми е променет пред 2-3 години. Знам неколку дена пробував и на крај успеав со телефон од другар оти со мојот не можеше. Досега сум немал никаков проблем. Батеријата нормално дека побрзо се троши и може да поминам 15-18км со едно полнење, немам точно мерено. Во еко мод, можеби преку 20км.

Тротинетот го имам 5-6 години и досега сум немал проблем.

Впрочем, не постои понебезбедно превозно средство од електричниве тротинети. Јас го возам, но на дете/жена не би му дал да вози ваква потенцијално самоповредувачка направа :D


Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #62 на: 27 Август 2024, 14:44:42 pm »
Можеби, ти си еден случај. Како и да е, го намалуваш животниот век на самата батерија со ваквиот потег и на долг рок батеријата побрзо ќе цркне.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #63 на: 27 Август 2024, 14:58:05 pm »
Јас го сменив софтверот на Xiaomi M365. Претходно кога ќе паднеше батеријата под 50% многу послабо забрзуваше, а можеби и максималната брзина беше помала. На успон знаеше да застани ако батеријата ми беше под 50%.

Откако го сменив софтверот, скоро исто забрзува без разлика на колку % е батеријата, а исто така многу е постартен (што и не е многу безбедно оти зашлајфува предното тркало). На успон нема повеќе мака и си вози без разлика на батеријата (добро сеа, сигурно нема да ја искачи Водњанска, макар што немам пробано :) ).

Софтверот ми е променет пред 2-3 години. Знам неколку дена пробував и на крај успеав со телефон од другар оти со мојот не можеше. Досега сум немал никаков проблем. Батеријата нормално дека побрзо се троши и може да поминам 15-18км со едно полнење, немам точно мерено. Во еко мод, можеби преку 20км.

Тротинетот го имам 5-6 години и досега сум немал проблем.

Впрочем, не постои понебезбедно превозно средство од електричниве тротинети. Јас го возам, но на дете/жена не би му дал да вози ваква потенцијално самоповредувачка направа :D
Пиши ми преку која програма, јас даунлодирав еден фајл како зип, после преку програма од телефон го ставив и флеш лајт ама не успешно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #64 на: 27 Август 2024, 15:04:04 pm »
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.m365downgrade
Се надевам дека смее тука ваков линк да се постира, сепак е легален софтвер симнат преку Play Store.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #65 на: 27 Август 2024, 15:16:57 pm »
@was downG e апликацијата која ја користев, можеби е истата таа Несторо што ја има постирано.

Но сепак, тоа што кај мене ништо не се расипало, не значи дека и кај тебе ќе биди ист случај :)

Башка, тие што се побрзите тротинети имаат поголеми батерии и појаки електромотори. Не се сите тротинети исти, иако изгледаат слични со Xiaomi-то.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #66 на: 27 Август 2024, 15:46:51 pm »
@was downG e апликацијата која ја користев, можеби е истата таа Несторо што ја има постирано.

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.m365downgrade
Се надевам дека смее тука ваков линк да се постира, сепак е легален софтвер симнат преку Play Store.

Но сепак, тоа што кај мене ништо не се расипало, не значи дека и кај тебе ќе биди ист случај :)

Башка, тие што се побрзите тротинети имаат поголеми батерии и појаки електромотори. Не се сите тротинети исти, иако изгледаат слични со Xiaomi-то.
Преку оваа иститава ги ставив тие фајловите, успешно пишува дека се ставени ама од 20 пак не мрда.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #67 на: 27 Август 2024, 16:10:08 pm »
Која верзија на софтвер ја користиш? Дали рачно изработена (треба повеќе знаење околу електроника и слично) или пак готов софтвер? Дали си пробал со софтверот од mp365.es ?


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #68 на: 02 Септември 2024, 11:51:39 am »

Впрочем, не постои понебезбедно превозно средство од електричниве тротинети. Јас го возам, но на дете/жена не би му дал да вози ваква потенцијално самоповредувачка направа :D



За дете се сложувам, ама зошто не на жена? ;D

Него кај сменваат гуми (не кај продават, кај сменваат, на гугл ми излегва  дека се продаваат дури и по некои мобилари) за овие безвезни превозни средства? Имам низ дома, секако не сум се качил никош, не можам ни да го гледам од шо ми е безвезно ѓубре, ама ете к'смет, се дупнала задна гума, па сеа јас треба да го товарам, да се ебавам да го носам некаде да сменат.
Ваков е:
Xiaomi Electric Scooter 4 EU
https://mi-store.mk/xiaomi-electric-scooter-4-eu-over/

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #69 на: 02 Септември 2024, 19:21:49 pm »



Впрочем, не постои понебезбедно превозно средство од електричниве тротинети. Јас го возам, но на дете/жена не би му дал да вози ваква потенцијално самоповредувачка направа :D



За дете се сложувам, ама зошто не на жена? ;D


Оти после ти ќе треба да готвиш, да чистиш, периш итн. Што би се рекло Ајти менаџер

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #70 на: 02 Септември 2024, 19:58:54 pm »
Па и сега истото го прам, ама под команда ;D

Инаку ѕвонев на Тротинети МК денес неколку пати, никој не се јавува.
Рандом ми излезе и Мегамобил, се јавив, гума плус промена, 2000 денари, го оставам сабајле, после поручек пак одам да го земам... (3000 денари мал сервис кошташе за Пасато :) )
Скапо за одржување ова на батерии, за точако само Балу лепило, шмиргла и парче од стара внатрешна гума, средвам за 30 минути (сосе сушење на лепилото) :)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Електрични тротинети
« Одговори #71 на: 08 Септември 2024, 16:02:29 pm »
Dali nekoj vozel vakov trotinet, dali ima prednosti vo odnos na standardnite, deka ima pogolemi trkala.