Јас го сменив софтверот на Xiaomi M365. Претходно кога ќе паднеше батеријата под 50% многу послабо забрзуваше, а можеби и максималната брзина беше помала. На успон знаеше да застани ако батеријата ми беше под 50%.
Откако го сменив софтверот, скоро исто забрзува без разлика на колку % е батеријата, а исто така многу е постартен (што и не е многу безбедно оти зашлајфува предното тркало). На успон нема повеќе мака и си вози без разлика на батеријата (добро сеа, сигурно нема да ја искачи Водњанска, макар што немам пробано
).
Софтверот ми е променет пред 2-3 години. Знам неколку дена пробував и на крај успеав со телефон од другар оти со мојот не можеше. Досега сум немал никаков проблем. Батеријата нормално дека побрзо се троши и може да поминам 15-18км со едно полнење, немам точно мерено. Во еко мод, можеби преку 20км.
Тротинетот го имам 5-6 години и досега сум немал проблем.
Впрочем, не постои понебезбедно превозно средство од електричниве тротинети. Јас го возам, но на дете/жена не би му дал да вози ваква потенцијално самоповредувачка направа