Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60638 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Opel Astra G 1.4 16V TNG
« на: 22 Април 2022, 18:37:26 pm »
Ајде и јас да се пофалам со моето ново милениче  ;)
Карактеристики:
- X14XE мотор
- Година на производство 1998
- Lovato а-тестиран систем
- Сончев тониран кров
- Електрика на предните стакла
- Електрика на ретровизори
- ОЕМ радио Philips CCR 600
Извршени сервиси:
- Редовен сервис на плинскиот систем
- Промена на делови за предницата и нејзино центрирање
- Поправка на заглавена рачна кочница
- Промена на антифриз
- Eurol TurboSyn 10W40 масло
- Маслен филтер Hengst H90W03
- Филтер за гориво
Недостатоци:
- Оштетен 3 цилиндар односно намалена компресија за 50%
- Нема клима
- Корозија на задниот полумесец
Слики:
https://imgur.com/a/nKsH1BS

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #1 на: 23 Април 2022, 16:15:37 pm »
Набавено Engine Restorer & Lubricant од USA за 6$ кое ќе пристигне за 2-3 недели, според видеата на Yt и многуте оцени на Ebay, Amazon i Walmart ја враќа компресијата за повеќе од 30%, останува да се проба и да се уверам сам во резултатите
Видео:
https://youtu.be/VXIu3oo8z4c
https://youtu.be/Hr8jIwVyIFE

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #2 на: 23 Април 2022, 21:42:36 pm »
А шо му е шо нема компресија?

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #3 на: 24 Април 2022, 00:06:19 am »
Не му се секирај 500еуро- е комплет ремонт сите 4 клипа на овој мотор:). Нема многу електроники глупости.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #4 на: 24 Април 2022, 00:44:18 am »
Набавено Engine Restorer & Lubricant од USA за 6$ кое ќе пристигне за 2-3 недели, според видеата на Yt и многуте оцени на Ebay, Amazon i Walmart ја враќа компресијата за повеќе од 30%, останува да се проба и да се уверам сам во резултатите
Видео:
https://youtu.be/VXIu3oo8z4c
https://youtu.be/Hr8jIwVyIFE

not going to happen.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #5 на: 24 Април 2022, 02:30:34 am »
А шо му е шо нема компресија?
Изгребан 3 цилиндар

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #6 на: 24 Април 2022, 02:31:23 am »
Не му се секирај 500еуро- е комплет ремонт сите 4 клипа на овој мотор:). Нема многу електроники глупости.
Цел мотор е 10000 денари, така да планирам да го возам додека не зариба  :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #7 на: 24 Април 2022, 08:54:33 am »
10к, мало морген. Околу 300 евра мотор, и уште 200-250 евра вадење на стар, местење нов, со промена на ребраст/ланец и други попратни делови.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #8 на: 24 Април 2022, 10:45:02 am »
10к, мало морген. Околу 300 евра мотор, и уште 200-250 евра вадење на стар, местење нов, со промена на ребраст/ланец и други попратни делови.
Мотор најдов за 10000 денари компресијата е супер, монтажата на новиот мотор и демонтажа на стариот кошта 150€

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #9 на: 24 Април 2022, 10:45:58 am »
А шо му е шо нема компресија?
Изгребан 3 цилиндар

Изгребан поради??? Отстранета е причината за гребањето, или може да се деси да ги преебе и другите 3? Снемал уљенце, летнало нешто некое парче?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #10 на: 24 Април 2022, 10:47:50 am »
А шо му е шо нема компресија?
Изгребан 3 цилиндар

Изгребан поради??? Отстранета е причината за гребањето, или може да се деси да ги преебе и другите 3? Снемал уљенце, летнало нешто некое парче?
Астрата е кај мене возена само 200 километри, мислам дека бил моторот прегреан, моментално астрата е кај Маршер и тој рече дека дихтунгот на главата е нов и дека моторот бил отворан

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #11 на: 24 Април 2022, 10:58:52 am »

Астрата беше кај повеќе локални мајстори (инаку сум од Прилеп) бидејќи тресе на старт и кумплугот одвојува многу високо, тие рекоа дека тресе поради ламелата, и кога ја кренаа на дигалка видоа дека од некаде тече масло и ми рекоа дека е дихтунг на глава или семеринг на брегаста и дека се слуша некој хидроподизач, поради тоа ја однесов во Скопје кај Маршер, тој откако ставил масло во клипот добил многу компресија и на крај испадна дека колата тресе поради тоа, но сега засега би ја возел така бидејќи има многу снага и е многу побрза од мојата претходна кола која на "хартија" беше појака (Mercedes W169 A150 95hp) и тој проблем се сеќава само на старт, па планирам да ја средам комплетно додека положам, бидејќи имам положено само тестови и полигон, така да додека положам може да се средува  :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #12 на: 24 Април 2022, 11:51:06 am »
На правиот сервис си ја однел!

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #13 на: 24 Април 2022, 12:29:37 pm »
Фрли го моторот подалеку негде да не го гледаш. Ова е мотор со завлечен клип, т.е. е механички дефект во лежечи или летечи лагери или клипњачи.

Купи го тој од 10000 денари, смени го, не си фрлај пари без потреба на санирање на ова срање.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #14 на: 24 Април 2022, 12:31:01 pm »
Машала и каналиве за разладна течност виделе подобри времиња.
Размисли си добро што понатаму со моторот, да не испадне дупло пари да дадеш.
Како и да е, со здравје да се вози.