Фала ти
@Simo - Carrier159. Да си купиш Џулија!

На кратко за тоа како дојде колава кај мене.
Сакав да ја купам уште на есен, не стигав баш и таман Андреј рече до пролет откажува продажба па си реков супер тогаш ќе биде, ама неколку дена подоцна се продаде.
Последниов период ја видов колава неколку пати низ Аеродром и пред околу месец дена на дечкото му оставив ливче на шофершајбна, ако ја продаваш - врти

Се најдовме, ја видов, ја пробав, не можев да ја извадам од памет и ја купив на крај

Во Sport+ и мењач во Sport влече како луда до преку 7к РПМ и звучи одлично
Бев изненаден од тоа што и со KV суспензијата не е претврда и во комфорт прилично удобно вози (претходно на е46 325ci имав буџет коиловери кои беа даааалеку по тврди и целата кола скокаше многу повеќе).
Во моментов е со 121к км и направен и е последен сервис на 117к км.
Од аспект на моментални планови во моментов е следново:
- Да се префарба предниот браник и после тоа да се прелепи. Да се прелепат и 2-те десни врати - оштетена е само фолијата (и фали малку љубов, пошто претходниот сопственик не марел баш за тој дел);
- Да се направи хемиско и да се стави керамика на фолијата;
- Да се монтираат DINAN балансштанглите;
- Да се монтира и кодира темпомат;
Како ќе има нови апдејти ќе споделувам тука.
Неколку слики за старт:


