Неколку апдејти за колава.
Најпрво со среди предниот браник. Беше малку оштетен на 2-3 места па тоа се санираше и се префарба и сеа за сеа си го возам црн дур не се прелепи одново (треба наредна недела да се решава тоа).
Исто така ги освеживме и капаците од ретровизорите и ги заменив претходните карбон капаци (беа изгорени од сонце и подувани на места) со фабричките.

Исто и првиот мини-дефект го имавме

Дур го чистев моторниот простор едно од цревата што излегува од казанчето и оди до хладњакот се скрши. Веројатно веќе било скапано/изгорено па се открши.
Заменето со оригинално од овие што растураат пошто нема нигде да се купи (треба да се порача и чека).
Интересен беше процесот на испуштање воздух од системот за ладење. Се дава контакт (не се пали колата) и се држи педалата за гас до крај 10 секунди. Ова ја уклучува водната пумпа која е електрична и ја врти течноста низ системот дур не се испушти целиот воздух. За 10-15 мин се завршува процесот.

Исто направено е и хемиско чистење.