Пак у сервис а? Арно викаат, од сервис до сервис ја возиш
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Страшно добро изгледа бемберата. Бојата ептен лежи.
Чим Алфиста стигна да ме дупчи за сервиси, лоша е работата
Izduv, difuzer vo plan se?
Дифузер има M Performance стил, издув ќе се менува евентуално само задниот лонец, за да го отвори малце звукот и да намали малку backpressure.
Јас можеби би ставил само едно дискретно карбонско задно спојлерче.
Во план е, имав нели еден пластичен ама беше со многу лош fitment и решив да не го враќам. Али ова после Божиќ, нарачав во меѓувреме Carpro CQUARTZ Skin керамичка заштита за фолијата, па прво таа да се стави и врз неа спојлерот, за да ја заштити од лепакот.
Инаку, на темава сервис, не стигнав да пишам вчера, ама ја однесов на еден baseline dyno run вчера пред ремап, и резултати се следните:
Колата вади максимален обртен момент од 450Nm на 2100RPM како што треба да е по спецификации, и го држи до околу 4900RPM кај што има еден пад, што е ограничување од страна на турбото. Имено, моделите произведени пред 06/2013 идат со помала турбина со пневматски wastegate, во споредба со ревидираните модели кои се со малку поголема турбина и електронски wastegate. Пневматскиот има проблем со одржување на boost над 5000RPM и во комбинација со помалиот компресор во турбината не може да испорачаат доволен притисок за да се постигне бараниот load.
Со тоа, наместо claimed 326bhp, колата max-out-на на 300bhp на 4800RPM. Убеден сум дека мапата на БМВ од MPPK е прилагодена за електронскиот wastegate, и очекувам после флеширање на мапа од MHD која што е дизајнирана специјално за пневматски, делумно ќе се среди и загубата. Очекувани бројки по ремап се 350bhp/520Nm обртен момент.
Во секој случај, поголемо полжавче од PureTurbos не ѝ бега напролет.