Можда темпомат не е од пресудно значење, но е навистина корисна алатка кога ќе се навикнеш. Дали обичен или адаптивен, мање-више, не праи многу разлика, мене дури и адаптивниот по малку ми пречи, знае да ме укочи баш пред да го претицам возилото пред мене, но не е страшно. Штом излезам надвор од град, дали на автопат или регионален, темпоматот си има улога.
На ова возило гледам дека е релативно лесно да се имплементира и не многу скапо (поготово ако побараш делчиња на старо). Со оглед на класата на возилото и моторот што го носи, навистина е греота да ја нема таа опција. Макар и да не ја користиш често.