Автор Тема: Temperature Debug  (Прочитано 1107 пати)

Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Temperature Debug
« на: 07 Април 2022, 00:05:52 am »
Ми треба помош околу работна температура. Јас не успеав да најдам официјален податок за мојот мотор Duratec 3.0 V6 Petrol, но по мое знаење е дека работната температура при возење би требало да биде 90 степени, барем кај сите бензинци што досега сум ги тестирал.

Дали работна температура од 95-102 степени во градско возење е нормално? Термостатот е нов и отвара на 86 степени. Водната пумпа е извадена и проверена дека работи. Стрелката во кабина е расипана и покажува 80 степени. Денеска комплетно исчистен хладњакот, инсталирано алуминиумско лонче, и наполнето нов антифриз.

Ова е дата извадок од возење низ град, се забележува како температурата флуктуира околу 94-102, линија 3 е показател за low speed fan кога се пали и гаси. Премногу често се палат перките, дури и на ладно време, што значи нешто није у реду :)

Опис на графикон:
1. Engine head temperature
2. Coolant temperature (OBD)
3. Low speed fan OFF/ON
4. Engine Load
5. Engine RPM
6. Speed.
7. Ambient Air Temp
... Fuel Trims


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Temperature Debug
« Одговори #1 на: 07 Април 2022, 00:30:13 am »
Ми изгледа дека е океј. Кај мене на Ecoboost во град низ гужви се движи од 92 до 98 степени, твојот е 4 степени потопол тоа и не е битна разлика, во рамки на мерна грешка е.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Temperature Debug
« Одговори #2 на: 07 Април 2022, 00:39:22 am »
За Duratec Petrol Engines, на многу места пишува дека нормална работна температура им е 95-105 и дека се направени да работат по цел ден на температура од 100 степени...

https://www.google.com/search?q=duratec+3.0+v6+petrol+working+temperature&rlz=1C5CHFA_enMK983MK983&sxsrf=APq-WBuSjJArigp8puFUngIPhfeIiAahwQ%3A1649284471348&ei=dxVOYq_pFKqXxc8PsI2SsA0&oq=Duratec+3.0+V6+Petrol+wo&gs_lcp=Cgdnd3Mtd2l6EAMYADIECCMQJzoHCAAQRxCwAzoKCAAQRxCwAxDJA0oECEEYAEoECEYYAFC4B1jMCWDHF2gBcAF4AIABYogBowKSAQEzmAEAoAEByAEIwAEB&sclient=gws-wiz
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Temperature Debug
« Одговори #3 на: 07 Април 2022, 00:47:03 am »
Го прочитав тој, не ми е валиден податокот :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Temperature Debug
« Одговори #4 на: 07 Април 2022, 01:05:36 am »
Ти личеше ли хладњакот на OEM? Да не е некој кинез или за друг мотор на Мондео, па не може да постигне?

Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Temperature Debug
« Одговори #5 на: 07 Април 2022, 01:10:43 am »
Хмм, гоод поинт. Треба да проверам. Вака што гледам според слики на нет, тој ќе да е.

А друга чудна работа е што мајсторот ми кажа, ставиле само 6.5L течност, а собира 9.8. Резервоарот пун е до горе. Тестирале компресија се ок. Е кај се другите литри?

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Temperature Debug
« Одговори #6 на: 07 Април 2022, 06:00:34 am »
Ваљда во блок се другите литри. Туку јас возам мерива 1.6 бензин и работна температура следено на обд и е од 100 до 105. Перка се пали на 112 степени, а сказалката на тахо си стои на 90. Мајсторот вика дека се е ок со колата и дека тој мотор така бил направен да работи на висока температура.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Temperature Debug
« Одговори #7 на: 07 Април 2022, 07:57:44 am »
Инсталирај аутодата или нека ти каже некој што ја има инсталирано, таму сигурно пишува работна температура.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Temperature Debug
« Одговори #8 на: 07 Април 2022, 11:44:33 am »
Autodata кажува само дека термостатот се отвора на 88 степени.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Temperature Debug
« Одговори #9 на: 07 Април 2022, 11:51:10 am »
Кај мене на Mondeo Mk3 1.8 е исто, преку OBD кога се следи температурата знае да отиде преку 100 степени и воопшто да не се уклучи вентилаторот. Штом пуштам клима се намалува на 90тина степени.

Инаку кога е температурата помеѓу 50-100C на стрелката на километража покажува исто, закопана е на средина.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Temperature Debug
« Одговори #10 на: 07 Април 2022, 11:53:18 am »
Autodata кажува само дека термостатот се отвора на 88 степени.
Ок, на колку степени пали прва брзина вентилатор, на колку втора? Тие се исто битни ставки.

На пример, кај една од моите коли беше:
low speed: 95 степени
high speed: 102 степени.
Термостатот отвараше на 88 степени.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Temperature Debug
« Одговори #11 на: 07 Април 2022, 12:06:59 pm »
Прва брзина пали на 100, втора на 103.

Се гледа во 3тата графа кога ја пали и гаси првата брзина. Некако многу често ја пали / гаси за краток временски период

 

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Temperature Debug
« Одговори #12 на: 15 Мај 2022, 21:21:48 pm »
@saturn5k

Незнам дали го реши "проблемот" со работнава температура, но гледам дека имаш користено FORScan за дијагностика.

Бидејќи и јас имам Mondeo MK3, би те замолил да провериш (доколку си во можност) дали со дијагностиката може да го следиш притисокот на фреонот во системот за клима. Имав проблем со уклучување на климата и за на крај да откријам дека конекторот од компресорот беше откачен.  ;D По враќање на истиот на свое место, климата проработе, во кола грч.

Додека дијагностицирав увидов дека овој параметар ACP_PRESS покажува 0.0 kPa иако климата сега работи. Ме интересира дали воопшто на Mondeo MK3 може вака да се прати притисокот или мора да се мери рачно.

Во прилог слика за кој параметар станува збор. Ти благодарам :)