Ауууу, каков инает, бре!
Прво, од искуство ти кажувам дека во ниту еден од официјалните сервиси не постои ОЕМ, што и да значи тоа.
Или поедноставно, такви метлици со кои си ја купил, не наоѓаш во сервис.
Ниту во Рено, ниту во Хјундаи, ниту во Тојота, ниту во Опел, итн. Сите до еден си држат некои други, заменски.
Што не значи дека нема да се погодат квалитетни, но сепак треба да се погодат.
Второ, и тие што си доаѓаат со кола не мора да значи дека ќе бидат долготрајни.
И да знаеш, штом почне метлица да шкрипи и прескокнува, фрлај!