Пред малку повеќе од 9 месеци си нарачав кола, требаше да ја добијам за 4, но малку по малку се одложуваше и си почекав дури 9 месеци. Што е тука е , па да ја претставам набрзинка. Скала со пакет Ambition кој е добар но сепак фалат некои работи кои морав да го додадам. Колата е веќе присутна на пазарот 4 години па нема потреба многу да ја објаснувам, добар , комфорен автомобил, изглед што можеби малку застарен во споредба со конкурентите, но мене лично многу ми се допаѓа. Пријатно сум изненаден од 1.0 моторот, добро забрзува, и доста тивок до 140, побрзо не пробав зашто сеуште нова. 10 секунди до 100 ,и 200 км/ч не се лоши бројки. Потрошна во првите 150км извади просек од 5.5 на отворен пат. На ДСГ не сум навикнат , убаво си работи но многу рано шалта и цело време си вози под 2000 обртаи, валјда така треба, шо знам. Во секој случај , една убава промена од Корсата Д 1.4 што ја возев во последните 14 год. Од опремата би прокоментирал само за Пакетот за лоши патишта со дополнителна заштита под мотор и +15мм висина. Ретко се купува кај нас , не знам воопшто дали некој го има, мислам дека вреди да се има, сигурно ке се најде во некоја ситуација, практичноста и комфорот ми се битни, и за разлика од повеќето (помлади) луѓе јас не сакам детали што негативно влијаат на комфорот како ниски гуми , големи бандажи , спуштени спортски амортизации и сл, но тоа е прашање на вкус , секој си знае што сака. Севкупно сум задоволен од изборот, еве дел од сериската и додатната опрема и некоја слика.
дел од опрема ambition
1̶6̶"̶ ̶Ч̶е̶л̶и̶ч̶н̶и̶ ̶т̶р̶к̶а̶л̶а̶ ̶T̶E̶C̶T̶O̶N̶ ̶
Р̶а̶д̶и̶о̶ ̶S̶W̶I̶N̶G̶ ̶с̶о̶ ̶6̶.̶5̶"̶ ̶е̶к̶р̶а̶н̶ ̶в̶о̶ ̶б̶о̶ј̶а̶,̶о̶с̶е̶т̶л̶и̶в̶ ̶н̶а̶ ̶д̶о̶п̶и̶р̶
4̶ ̶з̶в̶у̶ч̶н̶и̶ц̶и̶
C̶L̶I̶M̶A̶T̶I̶C̶ ̶-̶ ̶м̶а̶н̶у̶е̶л̶е̶н̶ ̶к̶л̶и̶м̶а̶ ̶у̶р̶е̶д̶
Basic LED задни светла
Basic LED предни светла
Bluetooth
Care Connect - Pro active services/Remote Access
DAB - дигитален радио прием
ESC - електронска програма за стабилност
Front Assist радар за автоматско сопирање
Hill hold control
JUMBO BOX преден централен наслон
Lane Assist систем за одржување на коловозна лента
Maxi Dot - Борд компјутер
USB-C приклучоци напред
Автоматски дневни светла со Coming/Leaving home функција
Висинско подесување на предните седишта
Воздушни перничиња за возач и совозачсо опција за деактивирање на совозачко
Двокрак кожен управувач
Делив наслон на задните седишта со централен потпирач за раце
Електрични ретровизори со грејачи
Електрични стакла
Електронски имобилајзер
Кожна рачка од менувач и рачна сопирачка
Мануелна лумбална регулација на предни седишта
Наизменична контрола на брисачите со сензор за дожд и светлосен асистент
Пневматици 205/55 R16
Предни светла за магла
Самозатемнувачки внатрешен ретровизор
Странични воздушни перничиња напред заедно со странични воздушни завеси
Темпомат
Централно заклучување со далечинско
Челично резервно тркало 16"
дополнителна опрема
16" Алуминиумски фелни ORION со пневматици 205/55 R16
Пакет за лоши патишта (+15 мм) со дополнителна заштита за подвозјето
Сензори за паркирање напред и позади
CLIMATRONIC - Автоматски клима уред
SUNSET затемнети стакла
Smart Link конекција за телефон
Двокрак мултифункционален кожен управувач
Радио BOLERO со 8" екран во боја,осетлив на допир, 8 звучници
Graphite grey металик боја