Автор Тема: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS  (Прочитано 12681 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« на: 23 Март 2022, 22:57:21 pm »
Пред малку повеќе од 9 месеци си нарачав кола, требаше да ја добијам за 4, но малку по малку се одложуваше и си почекав дури 9 месеци. Што е тука е , па да ја претставам набрзинка. Скала со пакет Ambition кој е добар но сепак фалат некои работи кои морав да го додадам. Колата е веќе присутна на пазарот 4 години па нема потреба многу да ја објаснувам, добар , комфорен автомобил, изглед што можеби малку застарен во споредба со конкурентите, но мене лично многу ми се допаѓа. Пријатно сум изненаден од 1.0 моторот, добро забрзува, и доста тивок до 140, побрзо не пробав зашто сеуште нова. 10 секунди до 100 ,и 200 км/ч не се лоши бројки. Потрошна во првите 150км извади просек од 5.5 на отворен пат. На ДСГ не сум навикнат , убаво си работи но многу рано шалта и цело време си вози под 2000 обртаи, валјда така треба, шо знам. Во секој случај , една убава промена од Корсата Д 1.4 што ја возев во последните 14 год. Од опремата би прокоментирал само за Пакетот за лоши патишта со дополнителна заштита под мотор и +15мм висина. Ретко се купува кај нас , не знам воопшто дали некој го има, мислам дека вреди да се има, сигурно ке се најде во некоја ситуација, практичноста и комфорот ми се битни, и за разлика од повеќето (помлади) луѓе јас не сакам детали што негативно влијаат на комфорот како ниски гуми , големи бандажи , спуштени спортски амортизации и сл, но тоа е прашање на вкус , секој си знае што сака. Севкупно сум задоволен од изборот, еве дел од сериската и додатната опрема и некоја слика.

дел од опрема ambition

1̶6̶"̶ ̶Ч̶е̶л̶и̶ч̶н̶и̶ ̶т̶р̶к̶а̶л̶а̶ ̶T̶E̶C̶T̶O̶N̶ ̶
Р̶а̶д̶и̶о̶ ̶S̶W̶I̶N̶G̶ ̶с̶о̶ ̶6̶.̶5̶"̶ ̶е̶к̶р̶а̶н̶ ̶в̶о̶ ̶б̶о̶ј̶а̶,̶о̶с̶е̶т̶л̶и̶в̶ ̶н̶а̶ ̶д̶о̶п̶и̶р̶
4̶ ̶з̶в̶у̶ч̶н̶и̶ц̶и̶
C̶L̶I̶M̶A̶T̶I̶C̶ ̶-̶ ̶м̶а̶н̶у̶е̶л̶е̶н̶ ̶к̶л̶и̶м̶а̶ ̶у̶р̶е̶д̶
Basic LED задни светла
Basic LED предни светла
Bluetooth
Care Connect - Pro active services/Remote Access
DAB - дигитален радио прием
ESC - електронска програма за стабилност
Front Assist радар за автоматско сопирање
Hill hold control
JUMBO BOX преден централен наслон
Lane Assist систем за одржување на коловозна лента
Maxi Dot - Борд компјутер
USB-C приклучоци напред
Автоматски дневни светла со Coming/Leaving home функција
Висинско подесување на предните седишта
Воздушни перничиња за возач и совозачсо опција за деактивирање на совозачко
Двокрак кожен управувач
Делив наслон на задните седишта со централен потпирач за раце
Електрични ретровизори со грејачи
Електрични стакла
Електронски имобилајзер
Кожна рачка од менувач и рачна сопирачка
Мануелна лумбална регулација на предни седишта
Наизменична контрола на брисачите со сензор за дожд и светлосен асистент
Пневматици 205/55 R16
Предни светла за магла
Самозатемнувачки внатрешен ретровизор
Странични воздушни перничиња напред заедно со странични воздушни завеси
Темпомат
Централно заклучување со далечинско
Челично резервно тркало 16"

дополнителна опрема

16" Алуминиумски фелни ORION со пневматици 205/55 R16
Пакет за лоши патишта (+15 мм) со дополнителна заштита за подвозјето
Сензори за паркирање напред и позади
CLIMATRONIC - Автоматски клима уред
SUNSET затемнети стакла
Smart Link конекција за телефон
Двокрак мултифункционален кожен управувач
Радио BOLERO со 8" екран во боја,осетлив на допир, 8 звучници
Graphite grey металик боја







Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #1 на: 23 Март 2022, 23:21:35 pm »
Со здравје да се вози, убаво опремена.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #2 на: 23 Март 2022, 23:21:58 pm »
Ново си е ново,со здравје да си ја возеш 😊.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #3 на: 24 Март 2022, 04:17:23 am »
Создравје да се вози!
Интересна комбинација од сув и хечбек за фамилијарни потреби?) низ град и низ село. :) По спецификации има сосема пристоен гепек, но ме интересира просторот од внатре. Можеш да направиш некоја споредба со хечбек во Голф класа? Голфот е за некои 11cm покус, има помал 20% гепек, но генерално е тесен за фамилијарно патување на подалеку.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #4 на: 24 Март 2022, 06:28:45 am »
Фала за честитките. gOJDO Може да се каже дека е комбинација од сув и хечбек, висината е скоро како Камик но не го земав заради малку повисока цена , помал гепек и онака изгледот не ми беше по ќејф. За просторот внатре не можам да направам споредба со другите во класата зашто воопшто не ги гледав другите кога купував, знаев дека ке биде ова, имаше најдобра цена за добар компакт со дсг во класата. Но колку што знам Скалата е најпросторна на задни седишта и гепек во класа, па би требало да е добра за фамилијарни патувања.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #5 на: 24 Март 2022, 07:34:35 am »
Честито нова кола, со здравје да се вози.

Внатре и позади Шкодиве ми се супер, напред ми се некако почудни.

П.С. Вчера најдов флаер од 2013-та Шкода Октавија 2 1.9 ТДИ за 15к евра :D , колку рипнаа цените споредено со денес.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #6 на: 24 Март 2022, 07:53:30 am »
So zdravje da se vozi.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #7 на: 24 Март 2022, 07:54:51 am »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри! Убава кола со убав пакет, плус мојата омилена боја за кола  :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #8 на: 24 Март 2022, 08:13:08 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #9 на: 24 Март 2022, 08:42:20 am »
Со здравје да се вози, само требало да одбериш пакетот за 15мм спуштено подвозје, а не обратното. Си бара сеа 50мм спуштање  ;D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #10 на: 24 Март 2022, 08:47:28 am »
За зимски бандажи земи си 15ки и повисок профил на гума. Поудобно ќе е.
« Последно менување: 24 Март 2022, 08:57:17 am Deni »

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #11 на: 24 Март 2022, 09:23:56 am »
Топ со здравје да си го возиш убао количе, само воланот никако неможам да го сварам како на застава е :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #12 на: 24 Март 2022, 09:42:34 am »
So zdravje da se vozi.

Jas istiot volan go vozam na Fabiata sto ja zemav pred 2 meseca, i dosta e cuden na izgled, ama mnogu ergonomski napraven, lezi u raka epten dobro.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #13 на: 24 Март 2022, 10:25:11 am »
Честитки за новата кола! Одличен избор, само ми е малку нејасен изборот за +15 мм лифт китот. :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #14 на: 24 Март 2022, 11:15:43 am »
Честитки новата кола! Ако ти досади малото поткревање, секогаш можеш да порачаш H&R lift kit springs за VW Tiguan, ќе добиеш уште 3-4 сантиметри нагоре.

После ќе те ставиме во групава:

https://www.facebook.com/groups/safariallthecars/?ref=share

;D