Едно нешто ќе пишам само, цениве на нови и половни коли се комедии, буквално комедии.
Сега гледам баш половни:
1. Шкода Фабија 1.4 тди со раткапна без радио и пластичен волан и бара 9к евра, таа нова не била над 12500 евра.
2. Шкода Камик 25000 км му барал 1500 евра испод нова од салон. Извадоков ваљда му е за да си ја оправда цената во глава "Vo salon da idete da go kupite go nema samo so naracka posle 8 meseci. "
3. Октавија 2017 1.6 дизел раткапна опрема со 130к км и бара 14500 евра, штом Голф 7 1.6 дизел одел за 17500 на акција, Октавијава сигурно не е земена поскапо од тоа, што значи и бара 3000 евра помалце од кога била нова
Одиме нови коли
1. Шкода Фабија 1.0 МПИ 60 коња (во денешно време моторов вреди за до продавница и назад, како електричен тротинет да возиш), 14к евра (Минатата фабија за 15500 евра се зимаше 1.2 ТСИ 110 коња ДСГ со највисоко ниво на опрема плус додатна опрема, прашував во Порше и ми дадоа таква цена тогаш)
2. Поло 1.0 МПИ 80 коња 5 брзини, 17600 евра
Јас сфаќам дека е криза, дека имаат проблеми со производство, ама по овие цени освен некој што апла му е густо за да смени кола, не гледам кој друг би фрлил толку пари за кола на ваков пазар.