Ма не го бранам ни јас, пет години го пцујам - ама таму кај што треба
Спортекс, не мислев на тебе за генерализирањето.бтњ Корсата ти е уникат!
Класен, точно дека треба да се искажат своите ставови, сепак форум е, АМА тоа придонесе да стане плодна подлога за некои искомплексирани типчиња кои колку да бидат интересни не ни знаат што пишуваат (прости им Боже - не знаат што прават).
Не сум човек кој цврсто ќе застане позади нешто бранејќи го, а при тоа всушност си ја брани својата суета (познати се тие нели
), ама не сум ни човек кој што може да премолчи ставови кои забегуваат веќе во нечија фантазија.
Се согласив дека Опел е дааааалееекууу од идеален, ама неможам да се согласам и дека е тешко ѓубре! Антара мислам дека не ја споредија уште само со Трабант, Варбург иии чекај, Запорожец мислам, нели? Знам доста луѓе што возат Антара и никој не се пожалил, очигледно бев во право кога зборев за претходно поставените критериуми. Лично јас не ја сакам, не ја бендисав ни од блиску, а и пријателите како Спортекс, Деј Волкер и др. кои имаат лично искуство со истата ме предупредија за нејзините „квалитети“. Ама Антара не е ни Опел кога ќе видиш... Дали и Мока е иста?
http://www.autocar.co.uk/car-review/vauxhall/mokkaБаталете ја Антарата, заеднички заклучок е дека е чист промашај, да бидеме малку по-конструктивни...