Не зборев за Антара, а ја немам ни возено иако Day Walker во неколку наврати ми ја нудеше. Имам само влезено во неа на карклуб собирот во Мотоцентар и делуваше многу пластично. Ме чуди што Др. Оровчанец кој е познат љубител на возила вози баш Антара... Сметам дека Каптивата е ОК возило, пошто сум ја возел, мада за Опел збориме. Секој бренд си има по некоја утка. ЦРВ-от изгледа одлично однадвор и од внатре се додека не го провозиш и се увериш во неговите „перформанси“, секоја почит према дизелот! За Јети бев исто така заинтересиран, знаат повеќето клабери, не е лошо, далеку подобри возни својства има од ЦРВ, ама е така некако недоработено... Тигуанот е најбољи од споменатите, ама е преценет. Не ми ја сфативте поентата, овде се збори за Опел, а не се прават споредби - за тоа има друга тема. И јас искрено не сум (нај)задоволен од Опелот, ама бар имам доблест да признаам за разлика од 99.99% кои упорно си ги фалат своите брендови со што душички си се тешат самите. И тоа не е можда лошо, ама темата е утната. За Алфашите... што да кажам, тие се ван конкуренције - да бидеш Алфаш треба или да имаш муда или да си луд или да имаш длабок џеб
Од сите Опели вие се фативте за модел кој фиктивно се водеше под Опел. Адам... па што? Иднината е пред него, само кој колку гледа, некој е кратковид, некој далекувид...им требаат наочари, НЕ затоа што е убав, незнам, перформанси и не треба да бараш кај него - туку заради практичноста и прифатливоста за купување. За некои се рано овие приказни, некои немаат капацитет да гледаат понатаму, се е људски, ама не е човечки да плукате бре браќа, повеќето сте полнолетни... Греота е за ваков бренд кој е синоним за спортски возила кај нас (ако не и единствен) да се збори лошо. Ако ги разгледате убаво темиве низ форумов ќе видите дека најисплатливо возило за тјунинг е Опел и многу други нешта. Тоа што повеќето сте материјалисти па гледате за колку ќе може после да го продадете и ради тоа трпите да возите Голф...ваш проблем! Јапанезите мислат дека го купиле најсовремето ауто на денешницава кое никад нема да се расипе, па ќе го возат цел живот, пошто знаат дека на старо веќе после две години не вреди ни колку нов Матиз...пак нивен проблем! Тие што знаат што сакаат, знаат и како да одберат, Субару е прекрасен избор, Суперб исто, Сузуки Крос, Реното Клио, Широко и тн. Јас немам предрасуди, олабавете малку во темава, секој си купува тоа што мисли дека му е добро. На Дарко ЦРВ му е супер, а и на мене исто АМА зависи кој, каков и каде и како планирам да го користам истиот (није свеједно). Класниот одбра на пример најшаблонско возило и искрено ме изненади, колата е перверзија, ама од него очекував повеќе инвентивност, НО секој спрема можностите и приликите. Ни јас не би возел Опел косилица да бев млад, неженет, богата цура ... Значи многу фактори влијаат при одлуката за куповина на возилото. Антара не чини, дај му ја на некој што возел Југо до сега, а 90% се такви (или немале никаво возило), па да видиш дали му чини или не
За некој Киата е измислено ауто, како Хјундаито за ЛП на пример, мада ЛП не е аматер ама ни малку! Може да го хејтаме колку сакаме, ЛП ама тачно знае што е добро, а што не, а тоа што вие се палите на неговите провокации само покажува колку сте созреани
Да нема многу реплики, пошто очигледно многу му се плашат, мезнам зашто иначе би го збореле (македонска работа - не гледа у својот двор како му е, туку кај комшијата), еве: Опел е ауто што го возат само Турци, готово пропадна фирмата-ќе нема ни резервни делови, ставаат тоа што им останало од порано, ги затворија сите фабрики, ГМ се откажа исто од нив, Кинезите сега ќе ги превземат... не купувајте никако Опел! Џабе, заборавате дека Wir Leben Autos !!!