Астра, прва генерација.... 1.7ТД (или Д) исузу... пакет Германец, со јапонски мотор...
Наменета за:
-таксисти (16та фарба, 2 мотори сменети 700 000км)
-лимари ( сета изгребана ,јолуци на кров, тенди...)
-молери (внатре кофи, бои, четки, горе скалата)
-механичари (мрсен волан, присобрана лимарија на неа, внатре сето лом, 450 000 км)
-ситни производители на мебел (пуздер ентериерот, сето деланки од дрвца, назад падната за 5цм на амортизери, прашина 2 прста, + приколица 3 метра)
-редачи на кнауф, паркет, дограма и сл...
сопственици на отпади, пренесувачи на озвучување, колонијал, дрвокрадци...
Човече, почнувам да се сомневам дека колава нема смрт...
Нема агилност, гнасен е ентериерот и возењето е слично на борење со мечка....
Има мизерна потрошња од 7 на сто в град, деловите се беспари, а и не ти ни ребаат пошто никогаш не се расипува ништо (освен ламбици на секое)...
По пат не може да те остави... ако заприш , ти веќе сигурно си 3 метра в кал влезен!
НАПРАВЕНА СО МОТОТО ЈАСМИНА БЕШЕ ЖЕНА ЗА СРЕЧУУУУ..... ЈАСМИНА БЕШЕ ЖЕНА ЗА СВЕЕЕЕ!!!!
