Ма кад ти кажем

Драго ми е што го бендисавте описот...
Се воодушевувам на издржливата пластика што никако не пука на браници и табла...
Мене лично возењето на оваа астра не ме фасцинира, ама како совозач или патник се чувствувам пријатно затоа што е голема, комотна, потпирањето е доволно тврдо за да не плива, а доволно меко за да биде пријатно... со еден збор - МЕКАМСКО!
До сега на оваа кола приметив неколку проблеми (пропусти) : голема разлика меѓу 3та и 4та што е проблем на угорничиња кога си товарен, а и шалтерот е некако тегав ама барем е прецизен. Ауспусите скапуваат екстра брзо, месеците назад исто така, гадно многу фали преклопување на ретровизорите на олку практична кола (кај постарите), централното брзо откажува назад и електриката на стакла напред... инаку сето друго е перфект...
Кога ќе начекам малце временце, ќе напишам една епопеја за Корса Б... некако малце поинаку ја доживеав од другите што ги знам