Корса Б
... феноменот...
Шмизла на батерии. Да не постоеше колава, пола од авто плацовите немаше да ги има...
....Му се овозможи на простите народни маси да ги исфрлат раскапаните „Југца 55“ и да преминат на нешто по софистицирано. Верувале или не , како по некој шаблон сите што ги знаев кои возеа Југо преминаа на Корса после увозот.
На прв поглед по шаренолики од Југото...
Сепак, како главен скептик у маало , сметав дека на прв поглед нешто му фали на коливе...
ШТО Е ТОА?

1. СИТЕ ИМАА ПО 170 000 - Мајко му стара, како можи сите да имаат по 150-180 000 километри во 15 години? И како сите така увезени од Италија екстра зачувани?? Некогаш си се запрашував - немаа ли тоа италијанците нивна авто индустрија па сите што возат Корси?
2. СИТЕ БЕА ПРВА ФАРБА - можда е игра на случајот, ама
не верувам дека од сите (пример лупам ) 30 Корси што ги видов , ни една не беше барем почешана...
3. Екстра стање (с*ање)- наводно, но по 1 година се излупија лакови, покажаа корозија од сите страни, па дури и китче од под неа...
Воглавно без многу механички проблеми... 1.0 е досаден мотор нетипично за Опел , 1.2 е солиден и проверен во сите смисли, 1.4 е доста силен а и често економичен во зависност од шоферот..
Ми личи на напалена тинејџерка што сите можат да ја имаат, ама пак на крајот не си ја земаат при срце. Колава не е ни голема - не е ни кул мала, не е ни брза а не е ни спора, не е ни спортска не е ни фамилиарна,па ни за такси, не е ни за по женски, не е ни за сам...
Обрни окрени - Корса стално е некаде во средина, ни во класа на пунто , ни во класа на матиз...
Сега, пополека се навикнувам колава да ми станува секојдневие, пополека ќе се навикнам и да ја гледам ненормалната цена од 1600 евра до регистрација за 15 години стара кола (додека солидна астра има и за 1000 евра регистрирана) и огласена веќе 6 месеци...
Само никогаш нема да се навикнам да ги гледам и стално ќе ми бодат очи
ефтините раткапни (на реклама 5 изброив 9 такви коли само на првата страна кога пиши Корса) И ГЛУПАВИТЕ ФУШ ЛЕПЕНКИ ШТО ГИ ИМА НА СКОРО СЕКОЈА КОРСА, па дури и на оваа на сликава....
Да не ме сватите грешно, немам ништо против самата Корса Б... дури е и убава ако е скроз сток и си прв газда