Секој бренд еволуира. Некој кон подобро, некој кон полошо. Кај некои брендови стратегијата се покажува како успешна (и одличен пример за тоа е Skoda, кој од комунистички бренд кој бил тема на заебанции прерасна во почитуван и аспиративен бренд, чии возила луѓето сакаат да ги купат), кај некои не.
Секако, не сме ни јас ни ти како индивидуалци меродавни за тоа што ќе успее. Пазарот ќе си каже. Стратегијата на Lancia се покажа како неуспешна, па затоа сега е сведена на производител со еден модел (стар 10 години) кој се продава само на еден пазар - во Италија.
Објективно, Opel под PSA (односно сега Stellantis) се движи по нагорна линија. За само 18 месеци под PSA почна да прави профит, ги исфрлија непрофитабилните модели, презентираа еден куп нови (посакувани, трендовски) модели и дефинираа нов дизајнерски јазик (кој на некого му се допаѓа, некому не, сва права). По долго време, имаат конкретна насока кон која се движат. И мислам дека нема да им треба многу време да стигнат онаму каде сакаат да бидат.