Ако ја играме recall играта, ехеее.. Сите имаат. GM само за ербегови викна назад во сервис мислам 4 милиони возила, и тоа возила произведени од 2014 до 2017. Да не праиме муабет за ignition проблемот со клучот - тоа беше нешто као 30.000.000 (и со зборови - триесет милиони) возила.
За мене (а и за сите други) - премиум не е само „расипливост“ или „нерасипливост“. Ако е така, по некои метрики - Тојота би требало да биде премиум, а е ехеееееее далеку од тоа.
Премиум чувството е од процесот пред купување на возилото, за време на купување, и поддршката понатаму. Плус, како што ми кажаа од Мерцедес еднаш - кога купуваш Мерцедес (зборам за нов, не 15 години стар, со 450.000 на бројач), не ја купуваш само колата, него го купуваш и лајфстајлот што оди со него. Викенд на Алпи, лето на француска ривиера, изгор кафе во Монте Карло, такви работи. Ние сме општо како држава многу далеку од тоа за да можеме да го исперцепираме премиумот како што стварно треба. Ние купуваме Мерцедес за да се курчиме пред Дежа Ву.