Автор Тема: Opel и неговите модели  (Прочитано 714635 пати)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #150 на: 06 Март 2012, 04:54:20 am »
Се е тоа во ред Зеро. Ама одбивам да ја прифатам реалноста оти не гледам како тоа има врска со квалитетот на возилата. Матеј не зборува за моменталната состојба на брендот, јас помислив на тоа туку зворува за квалитетот.

Штета што не го задржаа истиот квалитет како и овие модели ќе немаа проблеми со ликвидноста како сега.

Квалитетот на возилата и ликвидноста може да се многу тесно поврзани а може и не. Стварта е дека никој од нас нема точна информација. Загубата можеби е предизвикана од одличниот квалитет. Можеби е предизвикана од прекумерните трошоци но од кои трошоци ние никогаш нема да дознаеме.

Јас не прифаќам дека квалитетот на Опел е лош. А тоа дали компанијата е во кал мене како купувач (хипотетички) не ме интересира. Во кал се и многу други фирми како на пример Пежо и Цитроен. Еве знаеме сега дека GM и PSA формираат алијанса која треба сериозно да им ги намали трошоците. Од таа алијанса би требало да излезат и Опел и PSA како победници. А Опел нема да згасне никогаш како бренд и поради фактот што држи голем дел од патентите за техничките решенија на целата автоиндустрија.

Да не бидеме сфатени погрешно нели? Ако некаде грешам исправете ме, не ме нарекувајте Опел фанатик :)

Зборувам и за двете убаво си приметил само си ги раздвоил коментарите откако Зеро убаво ти објасни дека се во калта ;).

Сега за квалитетот.Никаде во мојот пост не спомнав дека квалитетот им е лош,туку дека им е опаднат за разлика од моделите што беа претставени предходно.Дедо ми имал Опел Кадет и тоа според него сеуште претставува најдобра кола што некогаш ја поседувал и сега да го прашаш која кола да ја купиш ќе ти каже само Опел.Значи тие модели биле единица мерка во својата класа,додека сега никој не ја смета Астрата за единица мерка во својата класа туку секој ќе каже Голф.Затоа мојата логика е дека квалитетот им е опаднат,бидејќи веќе никој не ги смета сериозно кога се зборува за претставник од некоја класа,освен мора да се сложам со Стратро во класата на спортски изведби каде мислам дека сеуште се успешни и држат високо место и во секое време би возел Корса ОПЦ со своите 190 коња  ;)
За мене како купувач многу би ми било битно дали мојот иден бренд има сигурна иднина или не.Не е исто да купуваш германски делови и кинески делови што би имале рок од 2 дена преку сила :)
Сакам да успее новата алијанса и конечно да претстои светла иднина за Опел.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #151 на: 06 Март 2012, 10:05:19 am »
Значи тие модели биле единица мерка во својата класа,додека сега никој не ја смета Астрата за единица мерка во својата класа туку секој ќе каже Голф

Е другарче, знаеш ли зошто е тоа така?
Зошто постојат безброј пропагандни видеа (отвори во темата за реклами за возила) со кои се величи голф, најчесто се вулгаризираат и преувеличуваат неговите својства иако сите знаеме дека тоа не е вистина. Како таа рекламата со дечките што го купуваат Голфот од бабата. Демек коста е голфот а старата партали го прави. А кога со голфот ќе отидеш на сервис ќе ти речат: еее ти со го малтретирал, си го мавал и си го расипал, не ти следи гаранција за ова. Како кога цркна диференцијалот за едниов наш Туарег и кога побараа 4400 евра само за сервис под оправдување дека бил возен насилно и офроуд. Тоа е со една цел да се создаде лажен впечаток за квалитетот на голф. И не за чабе тие тоа го прават. Очигледно им успева кај некои типови на луѓе.

Еве земи ја рекламата каде наводно „се тестираат возилата на фолксваген“ каде што ја маваат бубата, транспортерот, голф 4 и уште некој. Мислам come on. Очигледно е дека е пропаганден сетап. Ги ставија транспортер, голф4 и новата буба заедно во едно видео и сега ќе ни презентираат тука светски чуда. Па тоа се подразбира по дефолт дека низ такви тестови проаѓаат сите возила.

А изброј паралелно колку реклами има за опел во кои се преувеличуваат карактеристиките на опел и споредиги со оние на фолксваген и ќе го добиеш одговорот на тоа прашање. Затоа сметам дека си во мала заблуда во врска со тоа. Генерално на сите ни е јасно дека целата автомобилска индустрија се попуштени со квалитетот ако споредиш период денес со пред 40 години. Ама сепак, нели е ова потрошувачко општество? Нели германците не возат кола постара од 5-6-7 години?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #152 на: 06 Март 2012, 10:15:30 am »


Се што успеа да кажеш е дека луѓето што работат маркетинг за VW се покреативни и подобри од луѓето што работат маркетинг за Opel.

Пак ќе ти кажам, не си пуштај филмови. Поентата на маркетингот е да ти продаде продукт, услуга или филозофија. Или, уште подобро, да ти продаде нешто што не ти ни треба.

Тоа што VW успеал да направи креативни и интересни реклами кои успеале да продадат возила (па макар и со преувеличување и „вулгаризација“ како што си напишал), тоа е плус за брендот и покажува некаква креативност, познавање на пазарот и интересите на купувачите.

Читајќи ги твоите постови, човек ќе си помисли дека Opel е враќањето на Исус, неразбрано и игнорирано од широките народни маси (што се гледа и по продажбата), а VW е олицетворение на ѓаволот, реинкарнација на Хитлер, изворот на сето зло во светот а директорите на VW пред спиење убиваат по една мала фока и пијат крв од новороденчиња.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #153 на: 06 Март 2012, 11:01:13 am »
Зеро, тоа ти така си помислуваш зошто мислиш дека мене Опел ми е најголм приоритет во животот и дека единствана моја цел тука е да го бранам Опел. А ако обрнеш повеќе внимание ќе видиш дека сум далеку понепристрасен и пообјективен одошто мислиш.

Само ќе ти скренам внимание да направиш разлика помеѓу реклама и економска пропаганда. Повеќето од луѓето мислат дека реклама и ЕПП е исто, а и не се виновни зошто оние кои треба да се секираат за тоа се тотално некомпетентни. Рекламата служи да го запознае потенцијалниот купувач со присутството на производот на пазарот. А економската пропаганда служи за да создаде јавно мислење со помош на сугестии а не со помош на самото користење на производот. Оние сите креативни видеа што ги спомнуваш не е спорно дека се креативни. Меѓутоа не се ништо повистинити ниту пак се разликуваат од рекламите на владата што ги гледаме цело време на телевизија и пред избори. Кај некој народ пали кај некој не пали.

Сега и ти вулгаризираш во стилот на Фолксваген. Човек ќе помислел дека Опел е враќањето на Исус :)  Опел се продава сосем добро ако ги погледнеш бројките на продажби и ужива солидна доверба и респект кај голем дел од широката народна маса низ цела европа. Секако дека може да е подобро ама и ова не е за фрлање. А тек ќе започне интересното.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #154 на: 06 Март 2012, 11:29:01 am »
Bravo za marketing oddelot na VW.
Stvarno imaat interesni reklami i od iskustvo znaat deka 90% od narodot paga na pametno smisleni finti...
Ova se odnesuva i na Golf protiv ostalo ( test na Autobild vo koj Golf ne e na prvo mesto treba se urami so platina)... i na Audi protiv BMW.

..ali mene ne me lazat taka lesno. ;D

Falanga..nikade ne pisuva deka treba da igras cesno za da pobedis..



Taka da , da se drzime do Opel vo temava i ona sto znaeme deka vistiniski vredi.




Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #155 на: 06 Март 2012, 11:38:24 am »
Edinstveno dobro sto napravil FehlerWagen vo poslednive 10 godini e reklamata so Dart Vader Junior.

Back to Opel. Corsa 1.4 hdi, lepota!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #156 на: 06 Март 2012, 11:54:05 am »
@Stratro


:)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #157 на: 06 Март 2012, 11:55:33 am »
Falanga..nikade ne pisuva deka treba da igras cesno za da pobedis..
Абе стратро, мене ми е јасно тоа. Развој на економска мисла положив од втор пат.
Ама не оправдувам јавно лажење и манупилација.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #158 на: 06 Март 2012, 12:00:55 pm »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #159 на: 06 Март 2012, 12:03:31 pm »
Vakvi videa se cista inspiracija za mene..
30 godini otkoga autovo ja napustilo fabrikata, denes da izgleda vaka.
Sekoj postar Opel zasluzuva vakvo vnimanie i posvetenost..ali nekoi modeli se ednostavno instant classic.


Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #160 на: 06 Март 2012, 19:29:33 pm »
Зеро, тоа ти така си помислуваш зошто мислиш дека мене Опел ми е најголм приоритет во животот и дека единствана моја цел тука е да го бранам Опел. А ако обрнеш повеќе внимание ќе видиш дека сум далеку понепристрасен и пообјективен одошто мислиш.

Само ќе ти скренам внимание да направиш разлика помеѓу реклама и економска пропаганда. Повеќето од луѓето мислат дека реклама и ЕПП е исто, а и не се виновни зошто оние кои треба да се секираат за тоа се тотално некомпетентни. Рекламата служи да го запознае потенцијалниот купувач со присутството на производот на пазарот. А економската пропаганда служи за да создаде јавно мислење со помош на сугестии а не со помош на самото користење на производот. Оние сите креативни видеа што ги спомнуваш не е спорно дека се креативни. Меѓутоа не се ништо повистинити ниту пак се разликуваат од рекламите на владата што ги гледаме цело време на телевизија и пред избори. Кај некој народ пали кај некој не пали.

Сега и ти вулгаризираш во стилот на Фолксваген. Човек ќе помислел дека Опел е враќањето на Исус :)  Опел се продава сосем добро ако ги погледнеш бројките на продажби и ужива солидна доверба и респект кај голем дел од широката народна маса низ цела европа. Секако дека може да е подобро ама и ова не е за фрлање. А тек ќе започне интересното.
Скоро 99% од рекламите се лажни и кај сите пали.Никогаш во историјата на маркетингот нема некој да направи рекалама каде што ќе биде искрен и ќе ги истакне слабостите на својот производ.Замисли само Кока Кола точно да каже се што се случува кога ја пиеш истата.Бидејќи едно е кога конкуренцијата ти кажува зошто да не го купуваш конкурентскиот производ,а друго кога самиот производител ќе се произнесе.
Сето ова покажува само поуспешен маркетинг како што кажа Зеро ништо повеќе.Успешна реклама не мора да значи и успешен производ и продажба,а во случајот на ФВ ги имаш и двете ;).Значи уште еден пропуст во политиката на Опел или поточно GM.Јас и него го обвинувам за целата ситуација,а не конкурентите.Пак ќе кажам да не беше Опел толку пазарно ограничен сигурно немаше да биде тука каде што е,тоа комбинирано со скапите ресурси е комбинација за неуспех.

Ми се допаѓа што од бестселери стигнавме до добра продажба :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #161 на: 06 Март 2012, 20:34:11 pm »
Парадокс :) Скапите ресурси се комбинација за неуспех. И истиот се гледа колку е голем :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #162 на: 06 Март 2012, 20:38:13 pm »
На секоја реклама стои најубавиот модел што се рекламира (со најубава боја, бандажи, пониклувања...) за најниската цена. Кај сите производители. Сите лажат.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #163 на: 07 Март 2012, 18:41:39 pm »
Ок се рекламиве, ама самото тоа што го спомињаш бмв у реклама значи само едно.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #164 на: 15 Март 2012, 16:43:19 pm »
Not a valid youtube URL