После долги преговори заклучена е зделката меѓу PSA Peugeot Citroen и General Motors за создавање на алијанса која под една капа ќе ги обедини можностите и технологијата на двете корпорации.
Важен елемент од обединувањето на двете корпорации е зголемување на конкурентноста пред се на европскиот пазар во прво време и на глобалниот пазар во иднина.
Основните столбови кои ќе ја држат идната алијанса се создавање на заеднички платформи и модули и создавање на заедничка компанија за купување на стоки и услуги од добавувачи со годишен оборт од 125 милијарди долари.
Без оглед на развојот на заеднички платформи двете компании нема да се слеваат и секоја на пазарот ќе настапува самостојно зачувувајќи го на тој начин идентитетот на марките развиван со текот на децениите.
Одговорните велат дека општииот економски ефект од здружувањето на PSA и GM треба да се почувствува во 2016 година кога би се остварил обрт од 2 милијарди долари.
PSA и GM најавуваат и создавање на фонд кој ќе ја подобри соработката на двете компании и воедно ќе помога за полесно црпење на дополнителни финансии кога за тоа ќе има потреба.
Со оваа зделка GM треба да купи 7% од акциите на PSA Peugeot Citroen кои ќе го чинат меѓу 400 и 470 милиони долари, доволни за да се зголеми капиталот на PSA на 1 милијарда евра.
Какви технологии ќе се разменуваат од PSA и GM сеуште не наведуваат, но се вели дека алијансата ќе работи на развој на возила од компактната и средната класа, потоа миниванови и кросовери за кои има најголем интерес во Европа.
Воедно се планира создавање на заедничка платформа за електрични автомобили, а првиот модел поставен на неа ќе се појави на пазарот во 2016 година.
GM ќе потпише договор со компанијата Gefco која врши логистички услуги за PSA со што американскиот гигант ќе ја оптимизира логистичката мрежа во Западна Европа и во Русија.
http://www.vozi.com.mk/vesti/padna-dogovor-megu-psa-i-gm.html--------------------------------------------
Opel ke gi dobie najdobrite dizeli. Ford verojatno ke gi izgubi.
Mozam da zamislam, Insignia 2.7 HDI 300hp.