Гласање

Со кој бренд на полначи имаш позитивно искуство?

EINHELL
3 (8.3%)
MAXPULS
0 (0%)
PRAXIS
1 (2.8%)
FOXSUR
3 (8.3%)
Клон на FOXSUR
0 (0%)
RAIDER
0 (0%)
INGCO
0 (0%)
EXTOL
1 (2.8%)
ULTIMATE SPEED (LIDL)
12 (33.3%)
EXIDE
2 (5.6%)
VILLAGER
0 (0%)
CTEK
5 (13.9%)
BOSCH
3 (8.3%)
TOTAL
0 (0%)
AGRINA
0 (0%)
ДРУГ
6 (16.7%)

Вкупно гласови: 35

Автор Тема: Полначи за акумулатор  (Прочитано 12924 пати)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #15 на: 19 Јануари 2022, 14:58:24 pm »
Значи како што те разбрав, сега го дополнив, па да го пуштам Repair Mode?

И истото да го правам секогаш.
1. Дополнување
2. Repair
?
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #16 на: 19 Јануари 2022, 15:54:43 pm »
Значи како што те разбрав, сега го дополнив, па да го пуштам Repair Mode?

И истото да го правам секогаш.
1. Дополнување
2. Repair
?

Дополнуваш. Repair. Toлку... Исклучуваш.
Со тоа што летно време доволно е и неколку часови Repair, а зимно време слободно оставај го цели 24 часа (нормално, ако не ти треба колата, за викенд, итн).


Инаку што е добро кај полначов?
Голема пластична кутија топтан со вентилатор, класична PCB, електроника со through-hole наместо surface mount во мала фенси кутија без вентилација. Едноставно работи ок. Популарен евтин полнач, има катаљарда видеа од корисници: https://www.youtube.com/results?search_query=foxsur+car+battery+charger+review


Eве неколку видеа, последното е со расклопување...@nikomil1 лол кај мене фали една диода (таа покрај големиот електролитски кондензатор), споредено со плочката од видеово: https://youtu.be/V9Rb0V9Y3Ro?t=320





Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #17 на: 19 Јануари 2022, 17:09:54 pm »
Еве што пишува на мојот. Оригинал Foxsur, не е клон.
Па за парите, 7А со 7 stage, мислам дека е повеќе од добар.




VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #18 на: 19 Јануари 2022, 17:45:01 pm »
И друго прашање @Van, да вадам клеми или нема гајле? :D Ме мрзи отштрафи заштрафи насекое :D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #19 на: 19 Јануари 2022, 18:04:49 pm »
Јас на 3-ката ни за силеџискиот полнач од 40 ампери не ги откачував клемите на голф 3-ка.
Не знам во голф 5-ка колку осетлива електроника има... Претпоставувам дека не би требало да има проблеми, и не е ова силеџиски полнач, но не би можел да тврдам. Некој поискусен/попаметен нека каже.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #20 на: 19 Јануари 2022, 21:56:06 pm »
И друго прашање @Van, да вадам клеми или нема гајле? :D Ме мрзи отштрафи заштрафи насекое :D

Otkaci ti klemite ne e nekoja tragedija... 2 shtrafa se majka mu stara i ke go pravis toa ednas do tri pati maksimum godinata...a i ne samo poradi bezbednost tuku i od drugi prichini:
- bezbednost na prvo mesto
- ke gi razmrdash ke vidish dali ima tenok sloj korozija pa ke gi zastruzish malku so glanc papir i stubchinjata na akumulatorot i klemata od vnatre (nezno malku samo ne da gi izbrusish)
- kolku i da e izdrzliva elektronikata vo repair mode ke ti digne 16 volti ta sakajkji da napravis dobro moze da si napravis nekoja pogolema glavobolka

Ama ajde da ne bide se taka "strashno" neka kazat ako ima avto elektrichari na forumov do kolku volti napon drzi elektronikata vo kolite, t.e. neka kazat dali 16.5V ke e opasno (ako kolata e izgasena)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #21 на: 19 Јануари 2022, 23:06:58 pm »
Секој краток спој е опасен за електрониката во колата. Не си играјте, вадете клеми, ке барате после половни компјутери!!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #22 на: 20 Јануари 2022, 07:22:00 am »
Не мавај repair и нема да откачуваш клеми, ако толку ја крева волтажата тој мод. Не вреди толку замарање за еден акумулатор од 4000ден, кој се менува на “5“ години. Една година ако го продолжиш плус, стап ќе свиткаш.  ;D

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #23 на: 20 Јануари 2022, 09:17:35 am »
Не мавај repair и нема да откачуваш клеми, ако толку ја крева волтажата тој мод. Не вреди толку замарање за еден акумулатор од 4000ден, кој се менува на “5“ години. Една година ако го продолжиш плус, стап ќе свиткаш.  ;D

Malku ti e cudna logikata vo muabetov ama OK..ti si znaes... togas zosto voopsto da zema polnac i da go dopolnuva akumulatorot? Nikoj ne umrel za 4000 bile tie na 5 godini ili na 3, ama ako taka gledas togas zosto da se zamaras i so promena na ulje i potrosuvacka i ostanati trakatanci .. vozi dodeka odi pa frli ..

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #24 на: 20 Јануари 2022, 10:42:38 am »
Не мавај repair и нема да откачуваш клеми, ако толку ја крева волтажата тој мод.

Општ е муабетот, дали да се откачуваат клеми или не. Опасноста повеќе е до самото полнење, со repair модот помала струја иде. Одлуката е дали на полнење да се извадат клемите. repair модот нема зошто да не се пушти после полнење (независно од тоа дали се откачуваат клемите или не).

Држи вода и размислувањето дека треба да се вадат клемите, посебно кај понови аута. Јас лично не ги вадам, немам никакви проблеми. Реално целата работа зависи од аутото колку осетлива електроника има.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #25 на: 20 Јануари 2022, 11:13:49 am »
Не мавај repair и нема да откачуваш клеми, ако толку ја крева волтажата тој мод.

Општ е муабетот, дали да се откачуваат клеми или не. Опасноста повеќе е до самото полнење, со repair модот помала струја иде. Одлуката е дали на полнење да се извадат клемите. repair модот нема зошто да не се пушти после полнење (независно од тоа дали се откачуваат клемите или не).

Држи вода и размислувањето дека треба да се вадат клемите, посебно кај понови аута. Јас лично не ги вадам, немам никакви проблеми. Реално целата работа зависи од аутото колку осетлива електроника има.
По некоја логика ако полначот не полни со поголем напон од алтернаторот на колата (мислам мах 14.5в), не би требало да има проблем и со неизвадени клеми да се полни.

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #26 на: 20 Јануари 2022, 11:28:41 am »
Овој што го имам вика назад напишаното:

7A x 105W = 15V

https://www.rapidtables.com/calc/electric/Amp_to_Volt_Calculator.html

Можеби грешам во пресметкава, не сум електричар.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #27 на: 20 Јануари 2022, 11:31:50 am »
Треба посебна тема за полначи да се отвори и да се префрлат мислењава, овака нема поента.
Исто ко да дискутираме за бандажи во темата за зимски гуми.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #28 на: 20 Јануари 2022, 11:48:56 am »
Треба.
Ете со никакво пребарување не можев(ме) да ги најдеме претходните постови со слики и видеа за Фоксур полначов. Плус сме и делумно офтопик.

+1 за префрлање на мислењава во нова тема
Не треба уводни постови, доволно е само последниве мислења да се префрлат таму.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #29 на: 20 Јануари 2022, 11:59:43 am »
Не мавај repair и нема да откачуваш клеми, ако толку ја крева волтажата тој мод. Не вреди толку замарање за еден акумулатор од 4000ден, кој се менува на “5“ години. Една година ако го продолжиш плус, стап ќе свиткаш.  ;D

Malku ti e cudna logikata vo muabetov ama OK..ti si znaes... togas zosto voopsto da zema polnac i da go dopolnuva akumulatorot?

- kolku i da e izdrzliva elektronikata vo repair mode ke ti digne 16 volti ta sakajkji da napravis dobro moze da si napravis nekoja pogolema glavobolka


Tи дека спомна 16V, јас немам фокскур полнач, од лидл кинескиот не крева ни 14V на полнење освен евентуално ако е ептен празен, и нема репаир мод. Го качиш на полнач, и шо прај нека си прај...

Јас не вадам клеми за дополнување од некој сат, пошто верувам има полначот некоја си заштита. Па оттука кој како сака, ако сака ЕКГ нека поврзи и пулсовите нека ги мери, не навлегувам во тоа ниво јас.