Гласање

Со кој бренд на полначи имаш позитивно искуство?

EINHELL
3 (8.3%)
MAXPULS
0 (0%)
PRAXIS
1 (2.8%)
FOXSUR
3 (8.3%)
Клон на FOXSUR
0 (0%)
RAIDER
0 (0%)
INGCO
0 (0%)
EXTOL
1 (2.8%)
ULTIMATE SPEED (LIDL)
12 (33.3%)
EXIDE
2 (5.6%)
VILLAGER
0 (0%)
CTEK
5 (13.9%)
BOSCH
3 (8.3%)
TOTAL
0 (0%)
AGRINA
0 (0%)
ДРУГ
6 (16.7%)

Вкупно гласови: 35

Автор Тема: Полначи за акумулатор  (Прочитано 12922 пати)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Полначи за акумулатор
« на: 16 Јануари 2022, 21:59:28 pm »
Bi go zemal ovaj polnac dobar rejting dobra cena ama duri stigne ke pomine zimata  :D
https://a.aliexpress.com/_mMy6JBK

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #1 на: 17 Јануари 2022, 01:00:23 am »
Bi go zemal ovaj polnac dobar rejting dobra cena ama duri stigne ke pomine zimata  :D
https://a.aliexpress.com/_mMy6JBK

Јас овај го порачав https://www.aliexpress.com/item/1005002908875086.html
Подобар ми изгледаше од сите.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #2 на: 17 Јануари 2022, 10:12:17 am »
Bi go zemal ovaj polnac dobar rejting dobra cena ama duri stigne ke pomine zimata  :D
https://a.aliexpress.com/_mMy6JBK

Јас овај го порачав https://www.aliexpress.com/item/1005002908875086.html
Подобар ми изгледаше од сите.
10 USD za punjacot a 17 USD za shiping...

Ako e 10 USD, treba nesto da zaraboti prodavacot, pa valjda i tamo ima nekoj transport. Pa treba da zaraboti i fabrikata.
Kolku ustvari kosta da se napravi, 2 do 3 USD. E seto toa da bide "smart" polnac.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #3 на: 18 Јануари 2022, 11:53:32 am »
Возен 1 година, претежно градска, кратки релации.

60% пред да биде уклучен на струја (тоа мото ми било селектирано кога сликав, не го видов, претпоставувам на сите  мода исто ќе покаже)

Го уклучив да полни, ќе напишам колку сати ќе му треба.

Полначов вака супер на изглед, пракса ќе видиме, 7 stage e, за парите мислам дека далеку подобар е од ефтиниве во мк, Einhell и сл.





VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #4 на: 18 Јануари 2022, 21:17:35 pm »
Ајнхел воопшто не е „од ефтините“ - https://www.einhell.com/en/company/einhell-germany-ag.html
Многу повеќе би му верувал на тој полнач, отколку на тие од АлиЕкспрес.

Се верува во религија, техника се проверува. Тој од сликата е клон на Фоксур, и ако ја има истата/слична електроника (јас лично сум го отварал, модифицирал, тестирал на осцилоскоп, итн имам детални слика на темава) тогаш е едно 10 пати подобар од посоуваниот Еинхел - кој исто е кинез, ама никој не од вас сте го отвориле/тестирале а очигледно е дека најмалку со ладење има проблем ако работи на специфицираните ампери.

Мислам ај успорете малку со фалење, ипак за ремаркиран кинез зборувате, не за CTEK или нешто. Само што го купивте, едвај еднаш наполниве акумулатор и веднаш е „најдобар“полнач и слични брендовски фалења.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #5 на: 18 Јануари 2022, 22:26:29 pm »
Се верува во религија, техника се проверува. Тој од сликата е клон на Фоксур, и ако ја има истата/слична електроника (јас лично сум го отварал, модифицирал, тестирал на осцилоскоп, итн имам детални слика на темава) тогаш е едно 10 пати подобар од посоуваниот Еинхел - кој исто е кинез, ама никој не од вас сте го отвориле/тестирале а очигледно е дека најмалку со ладење има проблем ако работи на специфицираните ампери.

Мислам ај успорете малку со фалење, ипак за ремаркиран кинез зборувате, не за CTEK или нешто. Само што го купивте, едвај еднаш наполниве акумулатор и веднаш е „најдобар“полнач и слични брендовски фалења.
Ај сеа истата аналогија искористи ја и за Ајфон, оти нели и тој се произведува во Кина, па да кажеме дека си 100% во право.
Секогаш ќе верувам на германски бренд повеќе, оти имаат строги стандарди за квалитет. Нема потреба да се замарам да го отварам за да се уверам во неговиот квалитет, некој таму веќе си ја завршил работата.

Да не го имав Ultimate Speed, ќе го земев Еinhell без да му ја мислам.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #6 на: 18 Јануари 2022, 22:53:14 pm »
Еinhell името е звучно, мава накај германско.
Einhell ти е бренд како Ingco. Им произведуваат готови кинески производи со налепница Einhell, толку.
Плус ги има само електрометал, а тие се џупска фирма, да не дојдеш до гаранција ќе ги видеш и Einhell и електрометал, дно се во секој поглед.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #7 на: 18 Јануари 2022, 23:00:41 pm »
Еinhell името е звучно, мава накај германско.
Einhell ти е бренд како Ingco. Им произведуваат готови кинески производи со налепница Einhell, толку.
Плус ги има само електрометал, а тие се џупска фирма, да не дојдеш до гаранција ќе ги видеш и Einhell и електрометал, дно се во секој поглед.
Врска немаат со концептот на Ингко. Ингко е минимум цена и максимум квалитет како за парите. Еинхел ти е цена како Блек&Декер или така нешто средна класа, а квалитет како за ниска класа... Неколку алати што се мислев што да земам, читав ривјуа по тие кастомер репорт сајтовите, еинхел редовно беа ѓубре ако барем малку редовни го користиш алатот. Редовно има избор, малку да доплатиш и да земеш зелен Бош, или барем Блек&Декер, кои не дека се нешто ептен посебно ама се БРЕНДОВИ за Еинхел.

Еинхел ценовно треба да се под цените на Ингко, ако гледаме колку коштаат на запад. Овде ги форсираат како средна/висока класа бренд, а не се. Далеку се.

Не ни се фактите подредени како што треба, и тоа е проблем. Посебно кога вака ќе почнат да фалат и да поставуват некои графици од кога постоел Еинхел „брендот“, и слични филмови.



Не знам што и кому зборуваш, нешто си побркал... ниту фалев, ниту споредував, ниту купив, ниту наполнив, ниту насловив „најдобар“, ниту брендовски фалев...  ???

... и ништо конкретно не одговараш на критиките кои реално и прецизно ги аргументирав. Знам.


Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #8 на: 18 Јануари 2022, 23:16:10 pm »
Блек&Декер се одлични во секој поглед, и за батериски алати, фирма од Dewalt.
Ingco за електрични алати се одлични, за батериски не ги барај.

Инаку кога сме кај кинескиов, го дополни за 1 час, на почеток се палеше се гасеше. Најдобро да го тестирам на некој полу-умрен акумулатор. Тогаш ќе покажи :))
Првин пишуваше 12.5v, после од кога го исклучив пишуваше 13v и нешто.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #9 на: 19 Јануари 2022, 01:03:36 am »
Инаку кога сме кај кинескиов, го дополни за 1 час, на почеток се палеше се гасеше. Најдобро да го тестирам на некој полу-умрен акумулатор. Тогаш ќе покажи :))
Првин пишуваше 12.5v, после од кога го исклучив пишуваше 13v и нешто.
Зависи колку бил празен, 12.5v значи и не бил многу празен (подобро мери со волтметар, не верувај целосно на вредностите од дисплејот), и зависи во какво здравје е акумулаторот, колку ударни ампери има останато... Затоа мерач на здравје на акумулатор е корисно уредче, да можеш да измериш ударни ампери.

Така да еден час полнење звучи нормално... Само кога веќе си го закачил и пуштил полначот, зошто не го пуштиш да сврти 24ч repair мод на работа? Тоа ти е само слабо полнење со пулсирање, теоретски може да десулфатизира слабо сулфатизирани акумулатори. И секако зиме на минусни температури нема зијан малку над норма да го наполни акумулаторот (да не навлегуваме во теорија, зошто и како).

едит:
Ај сеа истата аналогија искористи ја и за Ајфон, оти нели и тој се произведува во Кина, па да кажеме дека си 100% во право.
Секогаш ќе верувам на германски бренд повеќе, оти имаат строги стандарди за квалитет. Нема потреба да се замарам да го отварам за да се уверам во неговиот квалитет, некој таму веќе си ја завршил работата.
Да, да зборуваше за Ајфон/Епл или за CTEK во случајов - ќе преќутев. Колку да се прекскапи нема збор дека се квалитетни... Ама за Еинхел зборуваш, ниска класа.

Не значи дека полначот не го бива, може се погодила ок набавена серија полначи за ремаркирање. Нека го отвори нека слика да видиме електроника, нека го провери некој со инструменти, со осцилоскоп... После ќе видиме дали е за фалење.
« Последно менување: 19 Јануари 2022, 01:15:25 am Van »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #10 на: 19 Јануари 2022, 10:37:56 am »
„смањи доживљај“ уствари беше мојата линија. ;)

едит: Сериозно, може да не ти се допаѓа „тонот“ и во ред е да замериш ако сметаш дека сум можел поинаку да се изразам (ниту ќе го спорам тоа)... Но замерката беше заради критика на уред што не си го користел, и фалење на уред што исто не си го користел (и сето тоа заради фалење на јакиот „германски бренд“ Еинхел). Какво искуство споделуваш, каков совет даваш? Кој има корист од тоа фалење нешто што не си користел и критикување на нешто што не си користел? И најконкретно: Зошто тој момент никако не го коментираш, туку се фаќаш за некаква „повреденост на чуствата“ или на што веќе се жалиш?  :)
« Последно менување: 19 Јануари 2022, 10:46:39 am Van »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #11 на: 19 Јануари 2022, 11:07:38 am »

Ај сега драма направи... Три поста ме дискутираш мене и мојата „некултура“. Сакаш да ти се извинам или што?
Еве уште еднаш подолу на што реагирав, критикуваш уред што не си го користел, и фалиш на уред што исто не си го користел. Згора на се наместо да се корегираш (или да ме демантираш ако не сум во право), ти три поста драми правиш за моето однесување.

Темата не сум јас туку полначите за акумулатори кои ги дискутираме за да размениме искуства... А разменуваме искуства - за знаеш, да не се заебеме со неквалитетни уреди. Тој кинезот на кој „не му веруваш“ е уствари проверен уред кој проверено добро работи, и проверено е добро дизајниран. Од друга страна кинезот што го препакуваат Еинхел е релативно нов уред овде кај нас. Да неколкумина го имаат овде (со среќа да си го користат и добро да ги служи) но се додека не видиме подолготрајно искуство, и додека некој ентузијаст не го отвори да видиме што има внатре... Ама баш никако не можеш да го кажуваш дека тој уред е подобар од проверен уред (макар и кинез од Али, наместо кинез од Еинхел).


Еве ти го уште еднаш долу иницијалниот пост на кој јас реагирав. И уште едно потсетување дека упорно продолжуваш мене лично да ме дискутираш, наместо полначи за акумулатори:


Полначов вака супер на изглед, пракса ќе видиме, 7 stage e, за парите мислам дека далеку подобар е од ефтиниве во мк, Einhell и сл.

Ајнхел воопшто не е „од ефтините“ - https://www.einhell.com/en/company/einhell-germany-ag.html
Многу повеќе би му верувал на тој полнач, отколку на тие од АлиЕкспрес.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #12 на: 19 Јануари 2022, 11:38:46 am »

Се верува во религија, техника се проверува. Тој од сликата е клон на Фоксур, и ако ја има истата/слична електроника (јас лично сум го отварал, модифицирал, тестирал на осцилоскоп, итн имам детални слика на темава) тогаш е едно 10 пати подобар од посоуваниот Еинхел - кој исто е кинез, ама никој не од вас сте го отвориле/тестирале а очигледно е дека најмалку со ладење има проблем ако работи на специфицираните ампери.


Druze @Van da ne kopam po temava ako si chachkal po foxsurot de ako mozis posochi mi vo koj del ti se merenjata i slikite? Gi imam dvata foxsura (toj maliot od 5A kako klon pod ime Anhtczyx i ovoj 8A) ama ili mene mi merat losho unimerive ili malku odat nad deklariranite vrednosti so po pola volt pa me interesira da vidam koi vrednosti izlegle kaj tebe.

Kaj kinezarijata moze se i seshto da nachekash ama foxsur i negovite klonovi dobro si ja imaat zavrsheno rabotata, edinstven nedostatok (kaj klonovite) e shto gi imaat trgnato site RF filtri pa znae nekogash da praat problem ako se na ista faza so monitor ili laptop. Toa go imam zabelezano kaj maliov polnach od 5A koj mi smeta na monitorot, a golemiov od 8A ne go pravi toa (verojatno zatoa shto ima eden filter na visokonaponskata strana)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #13 на: 19 Јануари 2022, 12:28:13 pm »
Така да еден час полнење звучи нормално... Само кога веќе си го закачил и пуштил полначот, зошто не го пуштиш да сврти 24ч repair мод на работа? Тоа ти е само слабо полнење со пулсирање, теоретски може да десулфатизира слабо сулфатизирани акумулатори. И секако зиме на минусни температури нема зијан малку над норма да го наполни акумулаторот (да не навлегуваме во теорија, зошто и како).

Пред 1 година го купив, викаш да е потребно Repair?

Инаку на полначов, дека викате клонови ова не е официјална продавница/фабрика од Foxsur? https://foxsur.aliexpress.com/store/432564 ? Отворена е пред 8 години.

На мојот назад пишува дека е произведен од Foxsur Inc, никаков клон никакви работи, информиран е некој дека до толку фејк можи или така си зборувате од око :D

Aliexpress строго забрануваат копирање на цел бренд. Пример Kingston си има официјална продавница итн. итн. да не набројувам и се оригинал од производителот.

Рејтингов му е добар: https://www.aliexpress.com/item/1005001544042339.html
« Последно менување: 19 Јануари 2022, 12:35:19 pm darkserial »
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #14 на: 19 Јануари 2022, 13:18:26 pm »
Пред 1 година го купив, викаш да е потребно Repair?

Инаку на полначов, дека викате клонови ова не е официјална продавница/фабрика од Foxsur? https://foxsur.aliexpress.com/store/432564 ? Отворена е пред 8 години.
Рејтингов му е добар: https://www.aliexpress.com/item/1005001544042339.html
Претпоставив дека е клон, не видов видливо име - ама ете штом си го земал од официјалната продавница на Али тогаш тоа е тоа. оригинал е. Иако и клоновите често се добри, ако не и идентични. Ете nikomil1 меѓу двата модела нашол дека кај клонот штеделе на филтрирање на излезниот дел (што ти е важно само ако го користиш дома покрај други уреди осетливи на noise).

Цитат
Пред 1 година го купив, викаш да е потребно Repair?
Таа десулфатизација и не е нешто ефективна, ама може да е корисна ако се користи превентивно. Јас на секое дополнување после веднаш пуштам и Repair, што како што објаснив рачунај го повеќе како лагано дополнување со пулсирање на напон/струја. Теоретски ќе десулфатизира слабо сулфатизиран акумулатор, што е баш ситуацијата во првите години од користењето. Тоа пулсирање од овој полнач нема сила да десулфатизира напредна сулфатизација.

Поентата е што за толку малку пари ја има функционалноста, и што можеш превентивно да ја користиш. Нема никако да му наштетиш на акумулаторот.


едит:
Druze @Van da ne kopam po temava ako si chachkal po foxsurot de ako mozis posochi mi vo koj del ti se merenjata i slikite? Gi imam dvata foxsura (toj maliot od 5A kako klon pod ime Anhtczyx i ovoj 8A) ama ili mene mi merat losho unimerive ili malku odat nad deklariranite vrednosti so po pola volt pa me interesira da vidam koi vrednosti izlegle kaj tebe.

Kaj kinezarijata moze se i seshto da nachekash ama foxsur i negovite klonovi dobro si ja imaat zavrsheno rabotata, edinstven nedostatok (kaj klonovite) e shto gi imaat trgnato site RF filtri pa znae nekogash da praat problem ako se na ista faza so monitor ili laptop. Toa go imam zabelezano kaj maliov polnach od 5A koj mi smeta na monitorot, a golemiov od 8A ne go pravi toa (verojatno zatoa shto ima eden filter na visokonaponskata strana)

Не можев ни јас никако да најдам, ни со пребарување на форумов, ниту со гугл-фу вештини. :-/
Ама среќа останало нешто од фотографии на хард диск (иако пред модификацијата), па еве долу спореди го филтрирањето со твоите два. Јас во двор полнам на лице место, ни клемите не ги вадам.













Линкови за поголема резолуција:
https://live.staticflickr.com/65535/51830057158_a9ca9278cd_k.jpg
https://live.staticflickr.com/65535/51830057488_08d2189ee8_k.jpg
https://live.staticflickr.com/65535/51830058033_6989e0676c_k.jpg
https://live.staticflickr.com/65535/51829941551_0dea5d475b_k.jpg
https://live.staticflickr.com/65535/51830058393_cf4c22fa32_k.jpg

Немам копии од мерењата.
« Последно менување: 19 Јануари 2022, 13:25:09 pm Van »