Ајт и јас да се искажам на форумов/темава...
Време дојде, изгледа, да се купува нов акумулатор. Со
стариов уште прошла недела два дена по ред потешко палеше колава (во потпис) и трет, чеврти ден се подиспразнил тро повеќе. Моја вина беше најверојатно, пошто веќе подолго време колава ретко се провозува, најчесто за викенд ама на кратки релации и бидна што бидна.
Купен Јули 2019, 2 год. гаранција од Carmax/Carbox, да речеме околу 3 години ги истера, да беше можеби почесто возена колава, немаше да се намали капацитетот, можеби. Да напоменам, колава има и алармен систем кобра од новус.
Со мултиметар неколку пати проверив да видам што ќе отчита и по моја проценка изгледа е намален капацитетот поради нередовни полнења (возења) плус на тоа и алармниот систем што го троши ден за ден и мислам најдобро е што поскоро да се подновам со ист или сличен. Дента кога не можев да ја стартувам колава, волтажата покажуваше околу 11,9V па со гурање ја запалив и направив неколку круга околу населба колку да се наполни малку и измерив 14.6V дури работеше колата, откога ја изгасив покажа 12,3V па нареден ден по сабајле после исклучување на алармот и незапален мотор, акумулаторов покажа 12.02V. Запали што запали ама за дел од секунда се осети малку потешко палење. Исто, индикаторот на самиот акумулатор не е
зелен, него темен или црн.
Прошарав по темава да видам за туѓи искуства и препораки па решив и да пишам што планирам, па посоветувајте ме. Да тркнам до Carbox да го земам
истиот или сличен
Vesna или, или...