Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
138 (42.5%)
Black Horse
32 (9.8%)
Vesna
22 (6.8%)
Topla
63 (19.4%)
било кој...
70 (21.5%)

Вкупно гласови: 324

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 684308 пати)


Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3226 на: 18 Јануари 2022, 11:53:06 am »
@nidzzo ima super usluga I jas imam menuvano kaj nego na astrata.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6746
  • Бенве сие бенве
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3227 на: 22 Јануари 2022, 08:12:22 am »
Добар акумулатор само фабрички од бенве, над 10-12г оди без никаков проблем. За едно волво што имаме в70ка земав половен од тука кај што растураат бенвиња и еве веќе 5год нема никаков проблем, а не е агм. Многу подобра опција од било кој нов средна или ниска класа.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3228 на: 22 Јануари 2022, 09:03:33 am »
На фиато ми е фабрички 2008---->2022 фиат си е фиат 😁

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3229 на: 22 Јануари 2022, 09:03:56 am »
Фабрички на Ц1, сеуште тера. Произведен 01/10/08. Мислам е 39Ah.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3230 на: 26 Јануари 2022, 08:32:46 am »
Вчера сменет акумулатор на фиестичката во Монбат, стариот  Exide Carbon 61ah  кој траеше 4.5год  за нов Duracel advance 63ah

И фабричкиот и ексајдот ги возев по точно 4.5 год, додуша ексајдов не попушти скрос туку имаше потешкотии сабајле да запали па решив да не ја мачам.

Монбат топ искуство

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3231 на: 29 Јануари 2022, 21:14:46 pm »
После подолго време чудно мрзеливо палење, се провери алансерот, сменети четкици и исчистен, нема споредба колку полесно врти.
Сакам да кажам, важни се сите раб за добар старт, не само акумулаторот.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3232 на: 05 Февруари 2022, 23:43:00 pm »
Здраво на сите.
Нов сум на форумов,па да се пофалам дека зедов exide premium 77ah carbon boost 2.0 за Фиат Браво 1.9. Претходниот газда очигледно не му се давале повеќе пари па ставил некаков со 64ah што е премалку за 1.9 мотор. Ќе го пробам новиот па ќе пишам коментари.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3233 на: 06 Февруари 2022, 00:19:59 am »
Dobro si napravil, airlija neka e 😁

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3234 на: 06 Февруари 2022, 16:29:17 pm »
Здраво на сите.
Нов сум на форумов,па да се пофалам дека зедов exide premium 77ah carbon boost 2.0 за Фиат Браво 1.9. Претходниот газда очигледно не му се давале повеќе пари па ставил некаков со 64ah што е премалку за 1.9 мотор. Ќе го пробам новиот па ќе пишам коментари.

Брао бе Коко, прв пост и одма пофалба.
Ама ич не ми мириса работава на стариот член што едно време се сметаше за алфа и омега па паѓаа у трансови членови за божествениот производ на Ексајд, за после некое време праксата да покаже дека не е ништо особено поквалитетен од останатите акумулатори, освен во 30% повисока цена.
Со среќа нека ти е.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3235 на: 06 Февруари 2022, 19:04:51 pm »
Здраво на сите.
Нов сум на форумов,па да се пофалам дека зедов exide premium 77ah carbon boost 2.0 за Фиат Браво 1.9. Претходниот газда очигледно не му се давале повеќе пари па ставил некаков со 64ah што е премалку за 1.9 мотор. Ќе го пробам новиот па ќе пишам коментари.

Брао бе Коко, прв пост и одма пофалба.
Ама ич не ми мириса работава на стариот член што едно време се сметаше за алфа и омега па паѓаа у трансови членови за божествениот производ на Ексајд, за после некое време праксата да покаже дека не е ништо особено поквалитетен од останатите акумулатори, освен во 30% повисока цена.
Со среќа нека ти е.
Фала друже. Искрено овој го купив затоа што нуди најмногу ударна сила,тоа што мене ми треба. 3 години гаранција има,да трае колку гаранцијата што ми е,ништо повеќе не барам.

Отсутен maksi

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3236 на: 07 Март 2022, 11:47:01 am »
Да споделам одлично искуство со услугата на nidzzo и duracell акумулатори, си ја завршија работата ептен професионално и брзо, за секоја пофалба.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3237 на: 18 Март 2022, 17:47:15 pm »
Олдскул реставрација, секоја чест за мајсторлакот.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3238 на: 25 Март 2022, 14:34:30 pm »
Ете и Exide имаше :)

Отсутен Trochilidae

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3239 на: 19 Јуни 2022, 17:41:15 pm »
Ајт и јас да се искажам на форумов/темава...  ::)


Време дојде, изгледа, да се купува нов акумулатор. Со стариов уште прошла недела два дена по ред потешко палеше колава (во потпис) и трет, чеврти ден се подиспразнил тро повеќе. Моја вина беше најверојатно, пошто веќе подолго време колава ретко се провозува, најчесто за викенд ама на кратки релации и бидна што бидна.


Купен Јули 2019, 2 год. гаранција од Carmax/Carbox, да речеме околу 3 години ги истера, да беше можеби почесто возена колава, немаше да се намали капацитетот, можеби. Да напоменам, колава има и алармен систем кобра од новус.


Со мултиметар неколку пати проверив да видам што ќе отчита и по моја проценка изгледа е намален капацитетот поради нередовни полнења (возења) плус на тоа и алармниот систем што го троши ден за ден и мислам најдобро е што поскоро да се подновам со ист или сличен. Дента кога не можев да ја стартувам колава, волтажата покажуваше околу 11,9V па со гурање ја запалив и направив неколку круга околу населба колку да се наполни малку и измерив 14.6V дури работеше колата, откога ја изгасив покажа 12,3V па нареден ден по сабајле после исклучување на алармот и незапален мотор, акумулаторов покажа 12.02V. Запали што запали ама за дел од секунда се осети малку потешко палење. Исто, индикаторот на самиот акумулатор не е зелен, него темен или црн.

Прошарав по темава да видам за туѓи искуства и препораки па решив и да пишам што планирам, па посоветувајте ме. Да тркнам до Carbox да го земам истиот или сличен Vesna или, или...  ::)
Toyota Yaris 2011 - 1.0L / 998cm3 / 51kW