Еден совет ако може за пренос на попустот (бонусот) од осигурување од сегашната кола што ќе се продава на новата кола што е купена.
Едноставно е кога прво ќе продадете кола за која имахе 50% попуст на осигурување, одите со купопродажен во осигурување и ви прават полиса со пренесен бонус.
Како да се изведе оваа работа во ситуација кога се уште не е продадена старата кола, а новата треба да се регистрира (поднесување документи во МВР за прва македонска регистрација за кола од увоз)?
Дали е опција и евентуален проблем да се направи купопродажен договор за старата кола со член во семејството и копија да се приложи во осигурување, а да не мора други формалности да се тераат со промена на сообраќајна. Едноставно да не се реализира купопродажниот договор. Дали при (вистинска) продажба после ќе има некој проблем.