И уствари полека може да ја затвараме темата, односно мојот случај а темата може и да остане активна за дискусија.
Одлуката падна како и што веројатно можеше да се осети, на Алфата. Реално за таа цена нема кола поготово од премиум бренд што ќе има се што има алфава и ќе има таков мотор. Освен супербот нели кој што е дијаметрално спротивен од оваа. А баш сакав да имам сега нешто поразлично. Што и да одлучев друго сигурен сум дека пак пет шест години како претходно ќе кукав по Алфа. Вака најверојатно ќе кукам зошто Алфа али што е тоа. Ми требаше да си исполнам една желба и така направив. Ако не чини ебем ли га, друга ќе купам. А тоа дали ќе се продаде или не упоште не ме интересира. И за супербот повеќето ме права луд ама ете дочекав тоа што барав.
Е сега значи
Alfa Romeo Giulia Veloce 2.0 Turbo 280 Q4
Опрема се што може да има и стандард и дополнително.
Иста како на сликите во прилог.
Очекувано време на пристигање фебруари 2025

