Саше е фантастичен лик од Џили Мкд, не само како професионалец во својата работа, туку и генерално како човек. Го запознав кога другарот го купи Џили-то, човек кој навистина ја сака својата работа. Тоа се гледа и препознава - искуството си го прави свое. Од мене, големо браво за човекот за тоа како го води процесот наречен sales.
Цените на автомобилите во последно време се зголемуваат и ќе продолжат да растат. Од една страна е добро, но од друга – не многу. Не постои win-win ситуација. Никој не дискутира за брендот Порше, бидејќи тој од век-векова го одржува своето високо ниво на цени. За Ауди, БМВ и Мерцедес, пак, дури и половните автомобили стануваат скапи. На пример, новото А5 е околу 75 илјади евра. Не дека не е убаво возило – супер е, мене ми е во топ 3, што се однесува до лимузини и седани. Но, да не биде џип, тоа е веќе претерано – премногу со цената! Дури и половно, ако е со една или две години, сè уште е скапо. Но, не дека не е убаво или не би го поседувал. Едноставно, куповната моќ го прави своето.
Понатаму, брат ми, најценетиот Микси одлично што се реши да се ослободи од Шкода. Еве, една од Струмица се врти веќе година и повеќе, како нова, но на огласите не може да се продаде. Причината е што нема купец. Шкода не може да ја достигне ценовната категорија на Ауди А5 – тоа е крај на приказната. Без разлика колку и да е стара, Шкода е едноставно Шкода.
Брат ми, Микси, го разбирам – си сака лимузина, не сака SUV/џип. Легитимно. Не знам дали во Македонија може да се најде Q8 2021 година нагоре со 286 коња за околу 50 илјади евра, ако се најде сочуван примерок. Мислам дека во тој автомобил би се нашло сè што му треба.
Алфа Ромео и Италијанците си се приказна за себе. Освен Ферари и Ламборџини, сè останато не треба ниту да се гледа.
Да го цитирам нашиот ценет преку океан член, господин Нандор Ренделис: „Ајде, ајде, стегни г’3!!“
Среќно брату микси ако жената не те убеди за џип и да се манеш од алфа нема кој друг од тука
