Друже
@miksi Шкода веќе возеше.
Ауди има секој втор дилер, не е интересно.
Очигледно имаш мерак да возиш Алфа еднаш во животот.
Алфа толку и се купува, еднаш.
Исполни си ја желбата, послушај го срцето, земи си Алфа, и на стари години ќе можеш да зборуваш дека имаш возено.
Ако ништо друго, изполни ни ја желбата на нас, кој не можеме да си дозволеме да си купиме кола со таа цена.
Верувај, многу повеќе народ ќе се заврти по Алфа-та и ќе посака да е на твое место во споредба со Ауди-то (Шкодата не ја споменувам, ми олесна на душата кога ја продаде).
Ова треба да е форум за ентизијасти, Алфа-та е една од најмераклиските коли кој постојат.
Кога ја донесоа Giulia, јас бев да ја видам која ја истовара од камион, пред официјално претставување во Македонија.
Јас сум 186cm и 115кг, едноставно не можам да влезам излезам од неа. Прениска ми е.
Ако ја земеш, те частам чоколада кога ќе дојдам да ја видам

Со среќа изборот.