Автор Тема: Предлог за нова кола  (Прочитано 44116 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #495 на: 12 Декември 2024, 21:22:12 pm »
Се што имам да кажам е да бараш над 2.0.

RS3 седанче со 2.5 барем? Квадрофоливце? Панамеричка?

https://youtu.be/lNA8tGRBJko

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #496 на: 12 Декември 2024, 21:27:24 pm »
Овде веќе останува да одбереш што преферираш, екстра технологија и функционалности или возачка кола.

Алфата ми личи дека има сѐ од она што би било стварно корисно и што би се користело секој ден (освен вентилирачки седишта): адаптивна суспензија - значи ќе можеш да ја возиш и на „патот за Визбегово и 70% од патиштата во Македонија“, ЛЕД матрикс светла и сите возачки асистенти. Дополнително претпоставувам подобри кочници има од тие на Супербот. И LSD заборавив!!

Е сеа ако сакаш да ги имаш сите тие екстра додатоци од опрема како трозонска клима и масажа на седишта, тогаш не е Алфа за тебе. Прашањето е само колку реалистично често ќе ги користиш.

Бојата на Алфата многу потсеќа на мојата Hockenheim Silver  :)
« Последно менување: 12 Декември 2024, 21:36:12 pm andrejnaumovski »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #497 на: 12 Декември 2024, 21:31:57 pm »
Чадор и перниче ја ќе ти поклонам.
- Прилично повеќе тракаташки од Алфата ( сто усб-иња, перници, чадори, држачи за глава позади...)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #498 на: 12 Декември 2024, 21:33:16 pm »
Чадор и перниче ја ќе ти поклонам.
- Прилично повеќе тракаташки од Алфата ( сто усб-иња, перници, чадори, држачи за глава позади...)

Да тркнам да му земам 2 вакви дур сум во Милано уште некој ден? https://store.alfaromeo.com/products/golf-umbrella-dealer-6002351660


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #500 на: 12 Декември 2024, 22:19:34 pm »
Можеш подетално да опишеш за климатизацијата што е проблемот кај премиум брендовите?

Што подетално да опишам од тоа што на балканското сонце автоматска клима не може да тржи темпо/ритам со балканското сонце. Погледни и еден куп тестови на АДАЦ за коли и како се однесуваат на тестови за климатизација... Реално, како што кажа Дени, американските коли едноставно имаат многу подобра климатизација и вентилација.

....

Не сум возел М коли на автопат. Немам возено М кола никогаш во животот. Само знам дека Алпина е дизајнирана и сетирана со подвозје и изолација за на автопат и крузање со брзини над 200км/ч. Подвозје, пружини, звучна изолација, менувач и диференцијал. И секогаш ќе биде подобра на автопат од било која М-кола. Исто како што и Супербот секогаш ќе биде подобар на автопат и патувања на подолги релации отколку Алфата. Затоа што е во основа дизајниран за таа намена.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #501 на: 12 Декември 2024, 22:25:29 pm »
Можеш подетално да опишеш за климатизацијата што е проблемот кај премиум брендовите?

Што подетално да опишам од тоа што на балканското сонце автоматска клима не може да тржи темпо/ритам со балканското сонце. Погледни и еден куп тестови на АДАЦ за коли и како се однесуваат на тестови за климатизација... Реално, како што кажа Дени, американските коли едноставно имаат многу подобра климатизација и вентилација.


Со ниедна алфа не сум имал проблеми со ладење/греење. Почнувајќи од 166, преку 159, 147, Mito, сите имале одлични системи за ладење и греење и ги постигнувале саканите температури без никаков проблем. Дај да видиме тие АДАЦ баш што кажуваат за џулија-та?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #502 на: 12 Декември 2024, 22:42:04 pm »
Абе и јас не сум имал проблем со ниедна кола со ладење и греење. Само како за премиум коли имаат многу по-калпава клима отколку не-премиум коли како Форд/Тојота.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #503 на: 12 Декември 2024, 22:49:38 pm »
....

Не сум возел М коли на автопат. Немам возено М кола никогаш во животот. Само знам дека Алпина е дизајнирана и сетирана со подвозје и изолација за на автопат и крузање со брзини над 200км/ч. Подвозје, пружини, звучна изолација, менувач и диференцијал. И секогаш ќе биде подобра на автопат од било која М-кола. Исто како што и Супербот секогаш ќе биде подобар на автопат и патувања на подолги релации отколку Алфата. Затоа што е во основа дизајниран за таа намена.

Епа јас сум возел неколку, и ме возеле исто така, и тоа со брзини бааѓи над 200км/ч, вклучувајќи и Е90 М3 и G80 M3, двете со адаптивна суспензија. И ти гарантирам дека, особено во G80ката, при толку можности за подесување на подвозје, диференцијал, менувач и мотор од страна на самиот возач, дека нема да има осетна разлика измеѓу неа и Алпина Б3 на 200+ км/ч. Новите М3ки и нагоре (особено М5ките) не се само спортски коли, напукани се со луксуз и комфор и кожа секаде и сите работи што би ги очекувал од кола со почетна цена од 120к евра, и се преудобни ако сакаш да бидат.

E90ката е малку подруг муабет. Тоа е машинерија со тркачки мотор. Ама пак можеш да ја возиш дејли и на автопат и да поминеш 400-500км во едно седнување и да ти е удобно.

За М2ката нема да коментирам, не спаѓа во таа класа. Таа е правилно спортско купе, она што беше Е46 М3.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #504 на: 12 Декември 2024, 22:57:21 pm »
Земи го Суперб-от.

Веројатно вака изгледа во дадената опрема, боја итн.

https://youtu.be/SXCjgaRr0oo?si=nOiO5RGR8UyWokez

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #505 на: 12 Декември 2024, 23:03:10 pm »
И жали по Џулиата ;D

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #506 на: 12 Декември 2024, 23:04:57 pm »
И жали по Џулиата ;D

Мене апсолутно никаква логика ми нема да земе Џулија кога ни пред 5 години не ја земал. И тогаш знаел што е паметниот избор.

Да не зборам што тие 64к ќе станат 22к за 5 години.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #507 на: 12 Декември 2024, 23:05:57 pm »
99% сум сигурен дека нема да земе пак Суперб. Можда нема да биде ни Алфата, изненадно може да улета нешто трето у игра.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #508 на: 12 Декември 2024, 23:50:31 pm »
Незнам дали ги има пробано двете коли, ама се сосема различни и за различни луѓе, Супербот е кола како кола, за пазарење и за на одмор комфортна лимузина, Џулијата е кола за забава, за луѓе ентузијасти и кои ја сакат колата, воедно и фамилијарен седан со компромиси се разбира, за да биди најубава во класата(сите ривјуа го велат тоа, не јас).
Мислам дека тест вожња ќе му помогни најмногу во одлуката, двете се добри коли, прашање е само што преферира повеќе.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #509 на: 13 Декември 2024, 00:44:10 am »
Штета што не сакаш половна кола, има многу лични М340i низ Германија, година две "стари". 400кс, под 4 секунди до 100-ка, бајаги опции за тјунинг.