Автор Тема: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)  (Прочитано 42656 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #165 на: 04 Април 2022, 00:12:30 am »
Јас сум на ум ова да го купам
https://carbox.mk/product/fm-bluetooth-transmiter-busy-50689/
Па здравје после одмор ако, останат пари за една мултимедија

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #166 на: 04 Април 2022, 10:14:21 am »
Нешто што приметив со трансмитерот да пренесам. Голема разлика во звук прави и уредот преку кој се емитува музиката, во мојов случај пуштањето музика преку телефон каде звукот делува чисто и басот е многу подлабок и пуштање преку таблет каде помислив дека ми рикнале звучките. Пуштано беше иста музика од исти извори, дали Youtube или симната музика преку апликација за музика од двата уреда.
Истово емитување со двата уреда го направив и на сараунд систем дома, разликата е огромна дури не реална. Така да направи тест на уредот да видиш каков звук пренесува.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #167 на: 04 Април 2022, 10:31:56 am »
Значи ако на уредот имаш подесувања за бојата на звукот така и ќе го пренесе?
Односно уредот функционира како предпојачало?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #168 на: 04 Април 2022, 11:11:56 am »
Не сум навлезен во ова да ти одговорам. @dreamson  ако добро пратам се занимава со добро озвучување, можеби би објаснил поконкретно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #169 на: 04 Април 2022, 11:35:56 am »
Ако на уредот ја намалуваш/зголемуваш гласноста, дали резултира и на јачината на звукот во колата?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #170 на: 04 Април 2022, 11:49:52 am »
Значи ако на уредот имаш подесувања за бојата на звукот така и ќе го пренесе?
Односно уредот функционира како предпојачало?

Мислам дека разликата е во квалитетот на bluetooth чипот на телефонот и таблетот. Или да се провери со кој bluetooth codec емитираат и двата уреди (ова се гледа во Developer Settings скриеното мени на Андроид уреди).

Немаат врска аудио подесувањата со ова, ниту па трансмитерот.
« Последно менување: 04 Април 2022, 11:57:07 am balanar »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #171 на: 04 Април 2022, 12:20:16 pm »
Ако на уредот ја намалуваш/зголемуваш гласноста, дали резултира и на јачината на звукот во колата?
Да.

Значи ако на уредот имаш подесувања за бојата на звукот така и ќе го пренесе?
Односно уредот функционира како предпојачало?

Мислам дека разликата е во квалитетот на bluetooth чипот на телефонот и таблетот. Или да се провери со кој bluetooth codec емитираат и двата уреди (ова се гледа во Developer Settings скриеното мени на Андроид уреди).

Немаат врска аудио подесувањата со ова, ниту па трансмитерот.
Мислам дека не е до Bluetooth-от, зошто? -Бидејќи дома на сараунд  пуштањето идеше преку кабел.
Мислам дека е до уредите. Пред малку пробав и со друг телефон, тапа е звукот, басот е како на кофа да тропа некој,

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #172 на: 11 Април 2022, 20:39:50 pm »
Денес колава ја однесов кај Антонио, имаше некој ситни вдлабки претежно по вратите кои иако не се познаваа многу, јас не сакав да ги гледам.
Не сум сигурен колку беа, ама колата ја помина цела под неонки и се што виде, среди.
Антонио, уметник, толку. Јас задоволен.
Не сликав многу, ќе пуштам една пред/потоа чисто за што станува збор:


Со каросеријата, останува да се пикираат некој ситни зуцки од камчиња и да се исполира цела кола. Тоа мислам дека ќе почека за наредна година, претпоставувам @dame е фул.
Следно во план, ми се фолии.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #173 на: 14 Април 2022, 14:35:47 pm »
Падна одлука за слушањето музика во кола преку FM transmitter, случајно од нигде никаде. Бев на пазар, го купив првиот што го видов, го ставив во кола да го пробам, звукот е одличен, не осеќам никаква разлика од тоа кога слушав преку CD. Така да за 300мкд јас задоволен. Бидејќи не ме фаќаат гужви, со мешање станици мислам дека нема да имам проблем.
Имам неколку работи во план за периодов, но за тоа здравје.


Дај сликни каков си земал ;D

Другар има roidmi трансмитер 14 евра платен демек поквалитетен ама џабе пак хрчи и тоа на автопат, а не низ град у гужви да речеш се мешаат фрекфенции
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #174 на: 14 Април 2022, 19:06:29 pm »
Изволте, од пазарот во Ѓорче.
« Последно менување: 14 Април 2022, 20:20:36 pm зоки-златен »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #175 на: 13 Мај 2022, 19:12:29 pm »
На сонце мава накај Алпина  ::)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #176 на: 13 Мај 2022, 19:27:32 pm »
Ааа убава, муслиманска зелена!  8)
https://en.wikipedia.org/wiki/Green_in_Islam
 In the Quran, it is associated with paradise

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #177 на: 13 Мај 2022, 23:06:25 pm »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #178 на: 01 Јуни 2022, 20:36:06 pm »
Денес колава посети сервис прв пат откако е кај мене, заменет е лагер на кардан, бидејќи стариот почна да цивка нешто.
Истиот изгледа вака:


Друго, ставена е на дијагностика, наводно немала никакви грешки, проверено подвозјето-ок е.
Останува уште дисковите предни, почна да ми затресува не кочење од поголеми брзини, човеков каде што ја однесов, иначе мајстор што ја одржувал колава и порано, ми рече дека се криви иако се сменети пред брзо време, а јас лично не паметам да сум им направил некаков топло/ладно шок или па сум ги прегреал од кочење... ќе одам и до кај Драги во Ѓорче на второ мислење.
Тоа е тоа сега за сега. Колава ми легна и како што кажав на почетокот, се надевам на подолга дружба.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #179 на: 01 Јуни 2022, 21:52:27 pm »
Cuvaj ja i svirkaj si.
Kako trgna rabotava so cenite na polovnive za nekoja godina i kjar kje bides. Odlicno autce nego passatot da ne go sitna na nekoj sto raboti vo zelezara kako da go vidov denes na pominuvanje so kola ama nekako ukoso mi bese i nebev siguren dali e toj.