Автор Тема: VW Golf MK1 1.6 GTD  (Прочитано 3826 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
VW Golf MK1 1.6 GTD
« на: 04 Јануари 2022, 14:33:53 pm »
Кога веќе е 99% комплетиран, да го паркирам и вториот проект после Поршето ;D

Голфот е произведен 81ва како 1.3 бензинец, чист ТАСовац. Прва регистрација му е јули 81ва во Гевгелија од каде што и јас го купив. Некаде низ времето некој му ставил 1.6 обичен дизел и буквално цел внатрешно го измачкал со битумен, што одлично го заштитило од корозија.

Јас го купив март 2019та, во комплетно возна состојба и регистриран цела година. Еве една слика од првиот ден кога го донесовме во Струмица:



После купувањето, почнавме полека полека да собираме делови и идеи каков и што треба да биде на крај, а истовремено и го возевме секојдневно. Сите отпади ги научивме напамет каде што има и се собра секое делче кое нешто вредеше ;D

Во меѓувреме на колата се смени буквално се што може и не може да се смени, вклучувајќи го и моторот. Доби 1.6 турбо дизел од Jetta Ecodiesel oд 91ва година. Станува збор за доста редок мотор кој е прв VW мотор кој задоволувал Еуро1 стандард. Тоа било постигнато со катализатор, кој секако веќе го нема. Успат, пријатно изненадување при промена на ламела беше ненадејното откритие дека Голфот има 5 брзински менувач, првите неколку месеци си го возевме како 4-брзинец ;D

Голфот се возеше активно се до декември 2020 кога беше целосно растурен и однесен кај лимар. После речиси цела година се комплетира лимаријата, @Deno му склопи интересна внатрешност, црн плафон (патем секоја чест за изработеното), @darko mk5 помогна со амблеми, оригинални стикерчиња и сите битни ситници, @GTI16V и @Lhasa Green споделија по некое искуство, совет, памет и по некој дел, многу делчиња успејав да ги најдам нови оригинални од VW и крајниот резултат е следниот:















До целосно комплетирање на возилото останува уште задното седиште, штитниците од сонце и воланот кои @Deno ќе ги среди за брзо.

Голфот ќе биде, односно веќе е, возило кое татко ми ќе го вози секојдневно, а и јас ќе го повозувам кога ќе дојдам на ред ;D. За месец дена откако е комплетиран веќе има поминато 1000км ;D

Тоа би било тоа засега, за секој нов апдејт или проект благовремено ќе известувам ;D
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #1 на: 04 Јануари 2022, 14:58:34 pm »
Освен тркалата кои не ми се баш по мерак, сè друго е одлично! Браво!

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #2 на: 04 Јануари 2022, 15:09:50 pm »
Да, да. Тркалата. Сериозно.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Ivann_XR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #3 на: 04 Јануари 2022, 15:11:10 pm »
Тип топ средено, мераклиски. Вложениот труд едноставно зрачи во деталите. 40г ауто, секоја чест. Посебно thumbs up за седиштата!

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #4 на: 04 Јануари 2022, 15:17:11 pm »
За тркалата уште немам идеја што би сакал да ставам, односно не сум сретнал нешто што навистина ќе ми фати око, а да не е BBS. BBS ми е пречесто користен и не би го ставил.

Додека не најдам нешто што ќе ми биде по ќееф ќе останат овие.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #5 на: 04 Јануари 2022, 15:18:38 pm »
Одлично средено Голфче!
Бандажите бодат очи во целокупната слика.
@darko mk5 освен со стикери, можел да интервенира и со бандажи 😁

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #6 на: 04 Јануари 2022, 15:47:39 pm »
Адаптери за cookie cutters од Поршот!

Мило ми е што колава е направена да се вози секојдневно, добродојдено освежување во реката сувови и еконобоксес. :)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #7 на: 04 Јануари 2022, 15:54:31 pm »
За тркалата уште немам идеја што би сакал да ставам, односно не сум сретнал нешто што навистина ќе ми фати око, а да не е BBS. BBS ми е пречесто користен и не би го ставил.

Додека не најдам нешто што ќе ми биде по ќееф ќе останат овие.

Andrej, imam za tebe bandasi sto kje mu legnat na kecov epten :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #8 на: 04 Јануари 2022, 16:00:07 pm »
Шубооооо! Браво за проектот.

Секоја чест!

И јас би одел со некој по олд скул бандаш да бидам искрен.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #9 на: 04 Јануари 2022, 16:23:28 pm »
Цицка, оем за мерак.
Ако си за 13ки бандавчиња кажи, има BBS Mahle и ATS Pepperpots на лагер. :D

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #10 на: 04 Јануари 2022, 22:50:44 pm »
Одличен. Со здравје да се вози
Кажи ми, саатчињата дали се прецизни ? Ги имам истите набавено, но сеуште не ми се монтирани
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #11 на: 05 Јануари 2022, 01:09:03 am »
Pirelli бадаш ако напалкаш од некаде.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #12 на: 05 Јануари 2022, 09:17:32 am »
Одличен. Со здравје да се вози
Кажи ми, саатчињата дали се прецизни ? Ги имам истите набавено, но сеуште не ми се монтирани

Благодарам :)

Саатчињата, освен волтметарот, за жал не се баш точни. Макар што, саатчето за температура ми е врзано на фабричката ампула за температура, а не на таа која дојде во сетот со него, па може и затоа да не покажува точно.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #13 на: 05 Јануари 2022, 09:48:33 am »
Pirelli бадаш ако напалкаш од некаде.

Имаше пред некој ден еден го видов со Пирели бандаши, ама мислам ниту знаеше дека има добар бандаш во однос на тоа каква состојба беше кецот.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK1 1.6 GTD
« Одговори #14 на: 05 Јануари 2022, 10:03:27 am »
Pirelli бадаш ако напалкаш од некаде.

Imam jas pirelli ama 14ki. 15ki kaj da se najdat kazete mu na coekot :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html