Кога веќе е 99% комплетиран, да го паркирам и вториот проект после Поршето
Голфот е произведен 81ва како 1.3 бензинец, чист ТАСовац. Прва регистрација му е јули 81ва во Гевгелија од каде што и јас го купив. Некаде низ времето некој му ставил 1.6 обичен дизел и буквално цел внатрешно го измачкал со битумен, што одлично го заштитило од корозија.
Јас го купив март 2019та, во комплетно возна состојба и регистриран цела година. Еве една слика од првиот ден кога го донесовме во Струмица:
После купувањето, почнавме полека полека да собираме делови и идеи каков и што треба да биде на крај, а истовремено и го возевме секојдневно. Сите отпади ги научивме напамет каде што има и се собра секое делче кое нешто вредеше
Во меѓувреме на колата се смени буквално се што може и не може да се смени, вклучувајќи го и моторот. Доби 1.6 турбо дизел од Jetta Ecodiesel oд 91ва година. Станува збор за доста редок мотор кој е прв VW мотор кој задоволувал Еуро1 стандард. Тоа било постигнато со катализатор, кој секако веќе го нема. Успат, пријатно изненадување при промена на ламела беше ненадејното откритие дека Голфот има 5 брзински менувач, првите неколку месеци си го возевме како 4-брзинец
Голфот се возеше активно се до декември 2020 кога беше целосно растурен и однесен кај лимар. После речиси цела година се комплетира лимаријата,
@Deno му склопи интересна внатрешност, црн плафон (патем секоја чест за изработеното),
@darko mk5 помогна со амблеми, оригинални стикерчиња и сите битни ситници,
@GTI16V и
@Lhasa Green споделија по некое искуство, совет, памет и по некој дел, многу делчиња успејав да ги најдам нови оригинални од VW и крајниот резултат е следниот:
До целосно комплетирање на возилото останува уште задното седиште, штитниците од сонце и воланот кои
@Deno ќе ги среди за брзо.
Голфот ќе биде, односно веќе е, возило кое татко ми ќе го вози секојдневно, а и јас ќе го повозувам кога ќе дојдам на ред
. За месец дена откако е комплетиран веќе има поминато 1000км
Тоа би било тоа засега, за секој нов апдејт или проект благовремено ќе известувам