Да бидам искрен, зајеб со кола на 500-600 км од дома е лошо чувство. 2017-та, баш на излегување од Лефкада, втор ден како стигнавме, ми даде известување Transmission Malfunction. Кола со 19.000к поминато, сервисирана, 18 месеци стара кола. Застанав покрај пат во сенка, изгасив кола, се помолив 5 минути, ја запалив колата, ништо. Наредните денови ја возев колата како по јајца, нежно, понежно да не може и повеќе мислев шо ке ми се случи по пат накај дома, спремен со броеви од Шлеп служби. Стигнав назад во Куманово, ставивме на тестер, никаков error code. Битно, одморот како на игли. Од тогаш, никаде без асистенција на пат, зашто страв чува лозје.
Верувам дека во твојот случај, напиздувањето е што десет години си бил покриен, и нашло кога да те снајде. Инаку, не сум изненаден од тоа што не ти зеле пари, во тој дел на Грција, како да живеат други Грци за разлика од овие што се на крациве.