Ама така и цените на новите коли ќе отидат нагоре..
Не мора да значи. Треба како во другите земји, да се промовира купување нови и еколошки поприфатливи возила. Значително да ги намалиме давачките на нови возила, ако треба и да ги елиминираме, барем до некоја одредена ценовна граница. Си има начини.
Па понатаму - колку е пониска ЕУРО класата на возилото, толку повисоки давачки. Па ти купи ако сакаш ЕУРО 4 кола со милион километри, нефункционални катализатори и емисија на штетни гасови ко Чернобил, ама давачките да бидат изгор. Да биде ПОСКАПА од еквивалентна ЕУРО 6 кола да речеме. Да се дестимулира купувањето половни кршеви.
Па топтан со давачки, Ауди А4 од 2003-та да чини колку Ауди А4 од 2013-та. Карикирам, секако, ама во таа насока.
Тоа што е веќе увезено, увезено, здравје. Тоа е. Ама доста само се топориме со крш.