Јас во град слушам исклучиво радио, ама тоа е навика создадена од стари возила без едноставна опција за поврзување други медија извори.
Имам 5 станици меморирани:
Фортуна
Антенна5
Лајф Радио (89.1, пуштаат доста разноврсна музика, ретко нешто ново)
Канал77
Метрополис
И листам низ нив, секогаш ќе се најде некое музиче за моменталниот mood.
За надвор од град, еве се опремувам со блутут, и генерално пуштам некоја јутуп плејлиста, со Спотифај никако не научив да се сложувам... Многу ми е мака барање плејлисти (ако имате некои погодни за патување, пуштете ги, може ќе почнам повеќе да го користам).