Автор Тема: 2005 Ford Mondeo ST220  (Прочитано 18495 пати)

Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
2005 Ford Mondeo ST220
« на: 25 Ноември 2021, 10:15:11 am »
Здраво на сите! Решив да купам возило кое стоеше 5 години на оглас, повеќето од тука мислам дека веќе сте го виделе, а бидејќи се работи за уникатно возило сакам да отворам тема која ќе биде запис / блог и ќе ги следи сите патешествија, предизвици и моменти на радост поврзани со овие 4 тркала. Оваа тема воедно ќе служи и како запис за сервисна историја одсега па натаму.











Спецификации:
2005 Ford Mondeo 3.0 V6 24V ST220 (226 Hp)
Acceleration 0 - 60 mph (Calculated by Auto-Data.net)    7 sec
Maximum speed    243 km/h
Power    226 Hp @ 6250 rpm.
Torque    270 Nm @ 5000 rpm.
Engine displacement    2967 cm3
Engine oil capacity    5.7 l
Coolant    9.5 l
Kerb Weight    1420 kg
Tires size    225/40 R18
Потрошувачка градска: 14-16
Потрошувачка отворено: 9-11

Цена: 3.300 евра
Поминати км: 225,500

Од претходни направени поголеми сервиси знам дека колата има 4 нови Monroe амортизери, нова ламела и потисна плоча (од пред неколку години), нов зглоб на десна полуосовина (од пред неколку дена).

Откако ја земав колата видливи проблеми на кои мораше итно да се делува беа: многу ниско ниво на уље, предни гуми 50%, задни гуми 0%, протекување на антифриз од црево, нефункционална рачна кочница.

-----

Сервис 1 -  22/24.11.2021  - 225.650 км
Моторно масло Motul 5-30, филтер масло, филтер гориво, филтер воздух, филтер полен, 2х стабилизатори, 6х свеќици, ПК ремен, промена на глицерин, промена на антифриз, промена на АТФ за серво, промена на црево на хладњак, стегање сајла за рачна кочница, чистење клапна, чистење усисна грана, проверка плочки / дискови / чаури ОК.
Цена: 15,950 комплет со работна рака.

Промена на гуми - 24.11.2021
225/40/18 Laufen 4S All Season
Цена: 20.000 комплет со балансирање и монтажа

Во консидерација: степ мотор за празен од (Idle Air Control Valve) ~ 4.500 денари.

После направениот сервис и монтажата на гуми, направени се околу 300км. на автопат за добро да се истестира возилото и да се види дали има некакви видливи проблеми при возење. Резултат: Вози пушка право, нема тресење, моторот нема никакви чудни звуци, влечи како што треба, измерено 0-100 со новите гуми 7.3с (GPS), при кочење нема тресење, ABS работи, климата работи, греачи на седишта работат :) Беше забележано многу мало занесување при отскок од нерамен пат на задната оска (чаури?) но незабележително за обичен човек.

-----

Сервис 2 - 225.900км - 26.11.2021

Нови плински дизни (брзи), нови црева, нови плински филтри
Цена: 10.000 со монтажа

-----

Следен закажан сервис - 29.11.2021 (одложено)

Каросерија: лепење и фарбање на преден браник, фарбање хауба, предни крила, прагови, санирање на рѓа и фарбање на задни крила, фарбање на заден браник, реставрација на бандажи на ЦНЦ.

-----

06.12.2021 - доставено:


Водна пумпа, термостат, сензор за температура
Цена: 4150 ден.

PCV вентил
Цена: 19$ денари + 45$ (DHL Shipping from USA)

-----

18.12.2021 - нарачка


Бобина, кабли за свеќици, степ мотор за празен од
Цена: 9800 денари

-----

« Последно менување: 18 Декември 2021, 21:56:12 pm saturn5k »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #1 на: 25 Ноември 2021, 10:20:29 am »
Прекрасна основа, поготово за симболичниот надомест! :) Баш би сакал да го видам некогаш!

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #2 на: 25 Ноември 2021, 10:22:55 am »
Едно од попосакуваните возила за мене, плус со багателна цена  :) Се пријавувам и јас за видување на истото!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #3 на: 25 Ноември 2021, 10:23:44 am »
Колиште! Ако си достоен во апдејтирање на форумов, ова ќе биде убава тема :)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #4 на: 25 Ноември 2021, 10:30:26 am »
Ееее на времето си викав да имам едно вакво....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #5 на: 25 Ноември 2021, 10:42:32 am »
Кога веќе фарбаш 50% од колата, јас би ја офарбал комплет.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #6 на: 25 Ноември 2021, 10:45:07 am »
Честитки, интересно ауто!


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #7 на: 25 Ноември 2021, 10:58:37 am »
Супер избор. Многу мерак прави количево. Само напред и создравје да се вози.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #8 на: 25 Ноември 2021, 11:02:01 am »
Со здравје да си ја возиш!
Да, Мондеово долго време дремеше на оглас, почна со 6000еур мислам пред некоја година. Јас кога го менував Пежото на сопругата, оваа кола ми беше во глава, ама таа сакаше Голф, се знае чив е последниот збор...

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1103
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #9 на: 25 Ноември 2021, 11:39:49 am »
Со здравје да го брчиш. Еротика.
@t0m1cA  те провалила жена ти.  И јас така ја убедував пред пола месец ја убедував Kia C'eed Gt line со 1.5 турбо моторче да купиме, ама ми вика не скапо е за регистрација.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #10 на: 25 Ноември 2021, 12:32:59 pm »
Честитки, со здравје да си го јаваш едногогов :)
Пиши нешто за ова:

... реставрација на бандажи на ЦНЦ.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #11 на: 25 Ноември 2021, 12:53:40 pm »
Со здравје да го брчиш. Еротика.
@t0m1cA  те провалила жена ти.  И јас така ја убедував пред пола месец ја убедував Kia C'eed Gt line со 1.5 турбо моторче да купиме, ама ми вика не скапо е за регистрација.
Тука е проблемот, мојава не ја гледа регистрацијата, гледа дали ги задоволува нејзините потреби за брзина (во еден момент ми искоментира дека Туранот мој е побрз, среќа после ремап не седнала да го вози...), ама кога отиде да ја регистрира плачеше по телефон :P
Си требал да ја фатиш на финта дека првите години поради ново возило не плаќаш технички преглед, мислам ќе си ја купел :P

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #12 на: 25 Ноември 2021, 12:54:47 pm »
Интересно и необично, со здравје да се вози :)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #13 на: 25 Ноември 2021, 14:49:03 pm »
Честитки, имаше во мојот град едно вакво исто, милина беше звукот кога поминуваше..

Отсутен saturn5k

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: 2005 Ford Mondeo ST220
« Одговори #14 на: 25 Ноември 2021, 18:03:13 pm »
Фала ви на сите за честитките, да се враќа поубаво :)

Денеска имав време да го газам по автопатишта и нешто што забележав е дека губи сила над 4.500 до 6.000 обртаи - бензин. Не може да постигне максимална брзина и се губи некаде околу 180-190, едноставно силата не е тука за да го подбутне повеќе.

При проверка на грешки со OBD, ги појавува P0420 (Bank 1) и P0430 (Bank 2) - Catalyst System Efficiency Below Threshold.

Се мислам дали е можно да се затнати катализатори (има 2), лоши сензори или фалш ваздух? Мене ми се чини да е првото... Мислење?