
Абе на уста сите сте јаки, и многу ве бива за забаање - тоа признавам! - ама кога треба да се стаи камен кај што се става устата - некако спласнува ентузијазмот, а?
Ако добро се сеќавам, на форумов до сега сум понудил неколку кладби:
- На Даре му понудив кладба дали на слеп А/Б тест по уво ќе разликува најевтин и најскуп дигитален кабел во својот аудио-систем („стегнат бас“ хипотезата), во негово тест-сценарио, со негова тест музика.
- На Симо му понудив кладба дека у градска вожња преку ден ќе извозам од Центар до кај него во Ѓорче со помалку од 5/100 потрошувачка.
- На Симо му понудив кладба дека од Скопје до Битола и назад ќе се извозиме со помалку од 5/100. Пошто бордот лажел, предложениот метод беше со доставање на потрошеното гориво од полн резервоар, кој го е* бордот.
- На Дени му понудив кладба дека бројот на коли што ќе ги видиме на аутобан како шибаат 160+ км/ч ќе биде многу, многу помал од неговите тврдења (не се сеќавам на точните детали) и дека огромното мнозинство коли што ќе ги сретнеме ќе возат докај 120. Наградата што требаше да ја добие ако не сум во право беше бесплатна дводневна прошетка на совозачко до Швајцарија и назад, со хотел и сендвичи на моја сметка.
- Сега повторно нудам кладба за помалку од 4 литри на обиколница со угасена клима и без застанувања, т.е. рамномерно возење во „идеални“ услови, по мое.
- (све ми се чини дека имаше и уште некоја понудена кладба, ама не можам да се сетам)
Од овие понудени кладби, прифатени ми биле 0 (нула). Што ни зборува тој факт? Што ќе си каже некој вака од страна ако следи?
Не знам кај вас у маало како е, ама кај мене у аутокоманда на времето имавме посебен термин за оние што се јаки на вилица, ама откако ќе бидат предизвикани со конкретна кладба - одбиваат.
Едноставно е решението. Што ќе пише споменатиот член не го перцепирате и готово, требаше да го знаете тоа до сега од толку години на форумов 
Одлична идеја! Предлагам со сопствениот пример да покажеш како тоа се прави.