Под 45 степена, мене не ми е ок.
Дестилирана вода се става и наеднаш, само треба да се остави ракијата после тоа да се стабилизира уште 2-3 месеца.
@Van Може ли да подкрепиш, појасниш, од кои прчини тврдиш дека ракија со додавана дестилирана вода во неа, не смее да замрзне?
Ова ми промакнало, сега го гледам... Јас колку што разбирам, замрзнуваат ракиите со
премногу додавана вода. Претпоставувам некои ракии симнати и под 40с алкохол, ставени во добри замрзнувачи што ладат на пониски температури.
Инаку дека мора да додадеш пошто не може да пиеш 60+ препеченица, тоа е лесно разбирливо.
Во врска со тоа дали наеднаш целата вода или малку по малку... Тоа е ваљда како рецептите, секој си има свој. Ама некаде од некој постар човек така имам слушнато, помали количини дадавани на подолго време били подобра шема па ние така правиме. Ионака гледаме барем пар години да не ја пиеме ракијата за да „одлежи“.
Него барам по темиве и не можам да најдам, каде правевме муабет за фирми што продаваат пластични и стаклени шишиња за вино и алкохол... Му текнува на некој? Или совет каде да барам пластични шишиња од 0.7 до литар?
Не ми требаат многу, накај ~20 шишиња отприлика. Некако не ми е ОК да ставам добро вино во флаши од кока кола (за подарок) .

Се бавел некој со затварачи за стаклени флаши, оние со плутени тапи?