Се работи за нашата ракија "Севда", која иако е да ја наречам буџет френдли линија, излезе одлична.
Одстранет е метил алкохолот, одвоена е од опашината на повисоки степени.
За боење и арома користен е премиум Француски даб два типа, парчиња даб кои се печени на контролирана температура со постепено етапно загревање и се 7 пати поскапи од обичниот чипс. Така после 2г лежење излезе одлична ракија, која иако не е препек се држи рамо до рамо со препеците.
Цената на брендирана во стакло е 420мкд за 1л. За други опции во пп.
2 рецепти препек имаме моментално на зреење, од кои едниот во дабово буре, другиот во инокс со дрвца и салтанати по стар семеен рецепт кој некои го пробаа - наградениот препек

.
Препеците излегуваат од зреење на пролет.
Цени не се формирани сеуште, а тој во дабовото буре е леле леле што направивме

Ете Енох дестилерија и винарија регистрирана во АХВ и царина, накратко се претстави



