Здраво живо. Одамна немам пишано ништо ама па и не ми се случило нешто посебно во “Автомобилскиот дел од мојот живот„. Девојка ми најде работа на 4 километри од дома ама дизељот што го имаме не му се свиѓаат краткиве релации. Се утепав од мислење каков мотор да биде, дали да биде бензин или дизел, дали со директно вбризгување или да биде некој постар модел со атмосферски бензинец од тие моторите што немаат директно вбризгување и негде се блокирав некако. Колку е штетно ако се вози ауто со директно вбризгување на кратки релации ? Сакав да биде некое BMW 1 ама никако неможам да склопам мислење кој мотор би бил најпаметен за толку кратки релации. Искрено не сакам да ги плеснам 30 иљадарки за електро ауто за до овде-онде, ама па неможам да донесам одлука. Прво да решам каков тип на мотор би бил соодветен па би одлучувал која кола и колку пари да одат во неа.
Фала однапред