Јас зедов BMW 1 116i N45B16 постариот тип на мотори токму заради овој проблем.
Го гледав или тој што го спомна, или N45B20 во 118 или 120. Како беше твојот со потрошувачка низ град, со 5 брзини беше или 6 ?
Кога ќе ја имаш, нема да биде само за до работа
FIAT 500, Mini, Swift... за полесно снаоѓање низ град.... Јас не би се ограничувал само на атмо. Зошто да биде атмосферец?! Турбафче е убава работа, поготово модерниве. Па и дизел да е, нема ништо да му фали.
Мнооогу често се случува да ја вози колата само работа-дома или работа-маркет-дома без да мрдне колата на друго место. Затоа и дојдов на мислење да го мењам дизелот што го имаме, ми досади да го носам скоро секоја недела на аутопут. Јас имам своја службена па така да сум 99% сигурен дека ќе биде возена на кратки релации често.
Колку е штетно ако се вози ауто со директно вбризгување на кратки релации ?
За околината, малце е штетно, пошто GDI произведуваат PM честици додека не стигнат до работна температура. За моторот ич! Пред некој ден го отворив усисот на мојтот TBi, минимален карбон билдап имаше на 17x.xxx километри. Дизел со таа километража далеку полошо изгледа заради EGR системот.
Ама мислам дека ти доста често знаеш и да ја стиснеш алфата, барем некое такво мислење имам од тоа што сум ја читал твојата тема за 159-ката... Карбон билдап се праи многу повеќе кога колата е возена незагреана. Овде каде што живееме ги поминува тие 4 километри за помалку од 10 минути со кола, што значи зимно време нема шанси да успее да ја загрее сосе тргање и паркирање на работа.
зошто мора авто
во гужва далеку побрзо ке стигне, единствено ако не и одговара со стилот на облека, па мора кола
Да не речам демек... ако има патеки, 4 километри се прелетуваат на тротинет, па и во зима кога истото време што ќе и треба да стигне до работа ќе го отепа гребејќи мраз од стакла надвор, и чекајќи да згрее парното.
Многу дува ветар овде, јас не се осмелувам зимно време да возам точак а пак не таа. Мислењето е на место ама временските услови не дозволуваат. Синуси се затнуваат, боли глава, едноставно мора да е кола...
Ако правиме муабет за нова кола ... градска?
Yaris Hybrid
Yaris Hybrid
Или
Fiat 500 mild hybrid
Не гледај друго.
Не ли се исто тие со директно вбризгување на горивото, нема ли да се затнат и тие после 20,000 километри или порано ?