Да бувнам едно сличе од колава:

Рикна бравата од гепекот после стоење 8 саати на 40 степени на сонце. Дачо од Ѓорче стави ново моторче и го поврза да ја оперира старата брава, малце неОЕМ работа ама откако открив дека луди итаљани произвеле брава за гепек специфична за МиТо и кошта 120-150 евра, не ни помислив да порачувам.
Од други вести, шипка за уље не сум извадил од промена на уље (7000 километри), потрошила 300 милилитри уљенце, си дотурив, си затворив хауба. Не ми се свиѓа некако Мобил1 што е внатре, ништо не и фали на колава и си работи исто, ама со Шел ни овие 300 милилитри не ги трошеше.
Си возикаме секој месец по 600-1000 километри, зависи од потреби, уште ми прави мерак секое седнување во возачкото седиште (и гледање како сказалките си одат до крај и си се враќаат назад при давање контакт).
До следен апдејт, што и да реши да приреди колава, се одјавувам
