Нели ледови имаат проблеми со лупи и подобро е ксенон да се стави?
"Ледови" е ненормално широк поим за да може така да се генерализира.
Катофот секако ќе е супер и нема да сметаат. Но, хотапотот кај некои може да не е доволно силен, најчест проблем. Сепак посилен од халогена сијалица или ист. Другото да е океј. Ова се ѓубрето лед најчесто.
Хотспотот да е 2-3 пати посилен од халогена сијалица. Тоа се ледовите со мали чипови. Се е супер, само животниот век е дискутабилен зошто се штеди на ладење.
Ксенон може да треба А сијалица, и ако е таков проекторот жицата на ксенонот е од иста страна со држачот на капакот на проекторот. Тоа е совршена комбинација за најдобра светлина со било каков ксенон.
Ксенон со проектор кој бара Б сијалица ќе има сенка со обична А сијалица. Во овој случај опциите се:
- да се стави бара Б ксенон сијалица и да се добие врвен резултат.
- да се стави лед
- да се стави А ксенон (обичен) и да се живее со сенката.
Проблемот кај ксенон е што има повеќе работа. Не е баш плаг енд плеј, и е тешко-реверзибилен процес ако се сече некој од гумените делови. Иако сето ова не би требало да е проблем.
Реалниот проблем во ова доба е канбасот.