Најдов денес, скроз несакајќи, сервисна книшка и owners manual, и код-картица од колава.
Поим немав дека во "касетата" има скриена фиока што се спушта од горе, скроз ненамерно ми падна во око и отварам - глеам цела папка со ствари.

Со оглед на тоа што не верувам дека струмиџанац што ми ја шитна колава знае кај се криела сервисната, ваљда реална е.
Ребраст последен пат сменет во 2019 на 116200км, (читај џабе фрлив 12500 денари

) и следна промена препорачана по 120000 километри. Во Швајцарија помалце деградираат ребрастите изгледа...

Најдов 4 сервиси во овластен, во 3 од нив променет и глицерин, сервисни интервали прво на 20к, па на 10к, па другите два сервиси на 30к.


Малце алармантно што од 90.000 нема заведено промена на масло, а на 116000 има промена на ребраст, па постои можност колата да се возела со истото масло од 90000 до 144000, кога јас ја купив.
Позитивно изненаден, со крајна резерва ја зедов километражата од 144000, иако колата стварно беше механички здрава.