Не ми се верува дека Мартин прави само hoarding на делови без да провери дали се соодветни. Ама совет на место и за сите нас.
Што бе не ти се верува?
Токму тоа го направив, после кратко истражување.
Наводно огромен дел од колите наменети за швајцарски, германски и австриски пазар ја имале инсталацијата за сите напредни функции како темпомат, сензори за дожд, сензори за светла итн итн.
Ако немаат барем една од тие жици и конектори, шансите се високи да фалат и останатите. Воден од тоа, отворив кај што стои сензорот за светла, конекторот беше тука. После отворив кај кабинското светло, имаше два вишок конектори, па си реков ајде, ќе си ја пробам среќата и ќе го порачам темпоматот.
Сега бев во гаража, ги отворив пластиките околу темпоматот и не можам да го видам конекторот зошто е спикан ептен во ќош, ама сепак ќе ризикувам и ќе го вадам воланот еден убав ден