Автор Тема: Vozzi Помош на пат! - Пропадна и не работи веќе апликацијата  (Прочитано 19824 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267


Можеби оваа реклама ви се појави и вам по социјалните мрежи.
Ме заинтересира прочитав што нудат и изгледа доста примамливо.

Пример пакет за мкд


А еве го и најевтиниот пакет за надвор од мкд 2.500ден


Го објавувам ова со цел дека можеби на некој од вас би му се нашло од корист. Знам дека има многу членови што неколку пати годишно излегуваат од граница каде што малку потешко би се снашле за шлеп во несакана ситуација. Јас лично би платил нешто вакво и за едно излегување од државава односно би го платил раатот да не мислам што ќе правам ако нешто се деси.

Во принцип колку што разбрав имаш апликација која ја користиш доколку ти треба помош и по локација ти наоѓаат шлеп кој е најблиску. На PlayStore има доста позитивни искуства но сепак некако сум скептик...

Затоа и ја отворив темава да прашам дали некој веќе ја користел оваа апликација кај нас?
Мене мие сумливо да не испадне (иако јасно пишува што се нуди во пакетите) дека ти плакаш само за они да ти организираат превоз или некаква помош а после да треба услугите сам да ги платиш !?!

П.С. Не мие целта да ги рекламирам па ако ова се коси со некој правила на форумов ќе разберам ако темава е избришана. Или доколку има веќе отворено ваква тема  :D 
« Последно менување: 20 Март 2024, 11:12:21 am zeroSignal »

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #1 на: 30 Август 2021, 22:41:49 pm »
Јас се претплатив од оваа година по консултација со локална шлеп служба што соработува со нив. Сите препораки се одлични али да не дојде ред да ја користиме

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3811
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #2 на: 30 Август 2021, 23:51:49 pm »
@balanar da se javi na glavna kasa 😁

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1481
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #3 на: 30 Август 2021, 23:55:33 pm »
Малку оф топик -  топла препорака од мене за амсм членска од 990 денари, до сега еднашка искористена за отклучување на кола (клучот внатре оставен ;D) дојдоа дечките и професионално си ја завршија работата. Мислам дека има вклучено 3 попоравки / интервенции, шлеп до 50км у правец и некои други ситници. и доброто е што се води на лице а не на возило.
Сега па на оваа регистрација земав од псс пакет 350 денари мислам (врзана за регистрација, не за лице), со 50км шпел у 2 правци, промена на филтри масла ако купиш од нив, промена на пневматици бесплатно, едно перење и други глупости, што секако се исплати само за промена на гумите.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #4 на: 31 Август 2021, 00:40:21 am »
Јас земав Vozzi EU1 пакет во јули, 2500 денари за една година. Среќа не ми требаше за Крф хах
Не е врзано за полиса, а можеш да користиш и ако си со туѓа кола/друштво. Работат на принцип на подизведувачи т.е тие си наоѓаат сервиси/шлеп возила и они земаат процент од Vozzi, со корисниците немаат ништо.
Баш неќна прочитав искуство (редовен член од тој српскиот форум за патувања) со Срби кои заглавиле кај Бујановац. Им стигнало BMW X5 за 20-тина минути (некој приватњак со приколка за шлепање), ги шлепал до сервис по нивна желба во Белград и чао - чао.

Цитат
Pozdrav svima!

ove godine smo instalirali aplikaciju VOZZI. Prvi put sam čula za to, ali ok. Platiš 3700 din i to pokriva teritoriju Grčke, izmeđuostalog....

U povratku sa mora pokvari nam se auto. Skrenemo u Bujanovac. Suprug ih kontaktira, pozove se na aplikaciju. Kažu nam da sačekamo malo, da će brzo rešiti problem....Za 5 min (bukvalno!), javlja se lik i kaže da stiže za pola sata! Mi čekamo... Dolazi džip BMW X5, sa prikačenom prikolicom za šlep vozila. Suprug utovari auto, posedamo u kola i pravac Beograd!!!! Istovario nas je ispred servisa našeg automehaničara. Pozdravili smo se i Ćao! Ni naplatnu rampu nismo bili u obavezi da platimo!!!!

Svakome kome pričamo ne može da veruje! Ni mi nismo verovali! Od Bujanovca do Beograda! Ništa nismo dodatno platili!!! Da nam je stao u Pefkohoriju, Solunu isto tako bi nas prevezli do Beograda! Možda uz presedanje, ali svakako bez dodatnih troškova!!

Preporučujem, svima!!! Ne bacajte pare na osiguravajuća društva! DDOR Novi Sad nam je tražio dodatnih 350 evra za isti ovaj šlep!! I AMSS isto tako

Јас имам баг во апликацијата, иако од техничка поддршка рекоа ќе средат. Ме лоцира на нивната апликација, ама кога одам Помош на пат, не ми ги дава опциите (дупната гума, шлеп, бла бла). Ништо страшно, имаат телефон дежурен 24/7.

Мислам дека е најдобра понуда од сите можни опции во Македонија за автомобилска асистенција.

Тука имам пишувано подетално:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,762.msg1199840.html#msg1199840
« Последно менување: 31 Август 2021, 00:51:41 am balanar »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #5 на: 31 Август 2021, 07:25:11 am »
Малку оф топик -  топла препорака од мене за амсм членска од 990 денари, до сега еднашка искористена за отклучување на кола (клучот внатре оставен ;D) дојдоа дечките и професионално си ја завршија работата. Мислам дека има вклучено 3 попоравки / интервенции, шлеп до 50км у правец и некои други ситници. и доброто е што се води на лице а не на возило.
Сега па на оваа регистрација земав од псс пакет 350 денари мислам (врзана за регистрација, не за лице), со 50км шпел у 2 правци, промена на филтри масла ако купиш од нив, промена на пневматици бесплатно, едно перење и други глупости, што секако се исплати само за промена на гумите.


Со АМСМ членската 200 километри е шлепот во двата правци.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #6 на: 31 Август 2021, 09:08:27 am »
Од Триглав земал ли некој ваква работа? Нешто околу 2000 ден е, асистенција и во Мкд и во странство. Демек ако те задеси нешто таму, као и хотел ти плаќаат и враќање назад. А за 1000 ден мислам беше само во Мкд нешто шлеп итн. Сега ми е колата за регистрација за некоја недела, па се мислам што да правам.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #7 на: 31 Август 2021, 09:22:31 am »
Јас имам земено од Триглав повеќе години со Бравото. Не ми е затребало.

Мислам дека Vozzi е подобро.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #8 на: 31 Август 2021, 19:18:14 pm »
Темава преместете ја на Алфа Ромео и VW Македонија форумите, овде не е потребна.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #9 на: 31 Август 2021, 21:47:35 pm »
годинава паднав во искушение да ја купам понудава од воззи ме одврати (море ме фати инат  ;D ) тоа што истиот пакет во србија го нудат за 10 евра поефтино одколку тука, така да повторно купив amsm clasic картичка,

за можни проблеми во странство овојпат наместо amsm europe premium купив автомобилска асистенција од сава осигурување кое трае само додека трае и патничкото осигурување или во мојот случај 8 денови за кое платив 142 ден. што сметам дека за лица кои не патуваат често надвор од МК или во години како оваа и претходната со ковит рестрикции е сосема ок,

е сега фала богу немав проблеми за да можам да споделам искуство или да препорачувам ама добро е да се знае како опција која не кошта многу

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #10 на: 31 Август 2021, 22:39:34 pm »
Каква параноја од дефект е всадена со денешниве коли :'(

Со карбураторските коли никој не се замараше, пали вози до крај на свет :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #11 на: 01 Септември 2021, 06:53:52 am »
Каква параноја од дефект е всадена со денешниве коли :'(

Со карбураторските коли никој не се замараше, пали вози до крај на свет :)
Лесно беше, у секое село имаше мајсторче со чекан, челична жица и клешта, кај и да застане, ќе се снајдеш. Ем државиштево големо беше, ти било гајле кај ќе застане, не си бил у „странство“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #12 на: 01 Септември 2021, 08:20:53 am »
Епа никој не менува тркала дома, па ко ќе се скини некоја на пат, мора асистенција, фабричкиот клуч за украс.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #13 на: 01 Септември 2021, 10:02:33 am »
Интересна работа,досега само еден човек во овие 4г имам видено кај шо менува гума на пат низ Европа.
Ај дел ќе речам немаат резервна па китот за репарација не помага.Толку незнаат и неможат една гума да сменат?5мин работа е.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #14 на: 01 Септември 2021, 11:01:28 am »
Епа никој не менува тркала дома, па ко ќе се скини некоја на пат, мора асистенција, фабричкиот клуч за украс.

Јас менував полани на 45c среде Egnatia Odos.
И пак купувам асистенција.

Исто е и со патничкото/здравственото осигурување. Сите го купуваме за не дај Боже, а не е задолжително.
« Последно менување: 01 Септември 2021, 11:10:47 am balanar »