Едно market research прашање до сите - да провериме дали јас сум луд или нешто друго е во прашање...
Вака - денес детално чистев и правев хемиско на камион. Во поглед на стварите внатре, знаете дека камионите претежно се како станови - се има внатре, и не само што е се, туку е и многу, количински. Плус, во 30 различни прегради и фиоки е разделено.
Трошам речиси еден час од времето да ја испразнам кабината од ствари, за да можам непречено да работам. Вадам ствари, полнам три црни вреќи од 120 литри.
Добив коментар, односно забелешка од сопственикот на камионот, дека јас сум морал да селектирам што било ѓубре и да се дели, а што не било. Поточно, ми кажа дека само сообраќајните и документи не биле ѓубре, друго се било за во канта.
Јас не се согласив и му кажав дека е нормално јас се да извадам надвор, да соберам на едно место, за да можам да чистам и дека јас не можам да знам што треба да се фрли, што не, и дека таа е работа на сопственикот на возилото, откако ќе завршам, само да си пререди внатре.
Во "ѓубрето" имаше фискални сметки, фактури, патни налози, отчетни листови, храна конзервирана, неотворени пијалаци, прва помош, чаши, прибор за јадење, ќебиња, перница, цело пакување од 100 пластични стеги, лекови, полначи за телефон, ситни пари, евра и слично, како дома (кој има близок шофер, знае).
Се налути, а и јас пошто не знам да молчам, малку се заџанкавме, иако е муштерија, ама сметам река неговото тврдење е апсурдно.
Треба ли да ги менувам начинот на работа во поглед на овој дел? Совет?