Ти посакувам да не можеш да кренеш глава од работа. А во исто време, најдобронамерно те советувам полекичка да си креваш тарифа. Нема да биде преку ноќ, но како ќе се испраксираш, така поефективен ќе бидеш.
Амортизација, патни трошоци, патарини, време изгубено, сѐ се плаќа.
Продолжи само така, before & after се вечерна терапија.
Фала ти на убавите зборови. Ептен ми значи, вака како почетник.
Мислам дека должам едно објаснување на ценава, која изненадувачки, и луѓево тука ми викаат дека е ОК, или релативно ниска, иако јас не сметам така.
Е сега - кога формирам цена, ориентационо земам 300-350 денари за работен саат. Зошто? Затоа што, како што кажа
@Busav 500 денари перење, кое личело на замачкување, се кладам дека повеќе од 50-тина минути не траело. Можда ќе работам 4-5 саати, ама перењето ќе биде 5-10 пати поквалитетно од "обичното" перење.
Сега кога читав, прво мислев дека изреагира "wow" заради тоа што мислиш дека цената е висока за едно перење. Малку се разочарав, ама сега подобро се чувствувам, откако дочитав. Фала ти и тебе,
@Busav .
Треба да земеме неколку фактори тука, при формирање на цената. Прво, регионот - цената тука и цената во Скопје различно се перцепира, пошто реално стандардот во Скопје е поинаков од овој тука.
Второ - листата на услуги, што сВе влегува во цената. Да, можда изгледа висока за некого, ама сите услуги ги нудам и поединечно. Искрено, не сум пресметал колку би коштало ако секоја услуга посебно ја наплатам, ама сигурен сум дека нема да биде 1800, него ќе биде 2500 и о-хо-хо... Ама, нели, bulk price. И не само бројот на услугите, туку се трудам да користам само top tier хемии, не било што. А тие се малку поскапи, јасно.
Трето - додека е кај мене, колата е буквално моја. А сите знаете како се однесувам спрема моите коли, така да... Тоа кошта.
Околу останатите трошоци - мислам дека веќе имам спомнато негде во првите постови. До 50-60 километри round trip не пресметувам патни трошоци. Над тоа, веќе да, со тоа што од вкупното растојание кое ќе го покријам, одбивам 50 километри (пример, идам за Скопје, 350 километри, одбивам 50 ради принцип, и наплаќам патни трошоци за 300 километри, плус патарини). Времето изгубено, тоа е, работата е таква.
Сепак сум почетник. Иако тука веќе репутацијата ми е стекната на моите коли, односно луѓето кога ќе слушнат дека работам, знаат дека добиваат екстра резултат, ама знаат и дека тоа нема да биде евтино. Но, не смеам да претерувам, бар засега, дур стекнам круг на клиенти. После и самите луѓе ќе видат колку се вложувам во работата, па се надевам дека и ќе го ценат тоа, а тоа е предуслов да ги покачам цените.
Предност во моментов е што немам други трошоци освен хемиите. Знаете на што мислам, на кои давачки.
И за крај, да, ти би платил да речеме 1500 перење, првиот пат. Но, после месец дена, ако ме викнеш пак, а не си ја перел колата на друго место, перењето ќе биде maintenance и ќе биде со значително пониска цена (се разбира, ако не си ја усрал колата ептен), пошто јас веќе сум чепнал секаде првиот пат, сум нанел некаков слој заштита, и перењето е многу полесно и захтева каде-каде помалку време.
Огромен плус е што луѓето гледам дека сакаат квалитетно, здраво перење, пошто им е преку кур од "претрчување" на колата кога се пере, макар еднаш или два пати годишно. Предност ми е што САМО ПЕРЕЊЕ, вакво, не нуди никој друг во државава. Профи дитејлерите перат на ваков начин, ама ако после тоа вршат корекција на лак и ставаат, рецимо, керамика. Да отидеш да му кажеш само да ти ја испере колата, не знам дали тоа би прошло. Еве,
@dame нека каже.
Тоа е. Очекувам критики, кажав уште на почеток. Слободно пукајте, услугата мора да биде top-notch за сите.
Да се вратам од одмор, те барам за термин
Во секое време.