Vo Germanija ne sum bil na vulkanizer dosega.
Јас сум бил во Австрија. И искрен да бидам, многу имаш пропуштено.
Во моментот да имав сет за репарација, сам за не повеќе од 5 минути ке си ја средев дупката.
Наспрем тоа, цел час се тегавевме со мајсторот за да стави лепенка, за која не сакаше да ја стави, па ја вадеше гумата, па ја вртеше, па вртеше телефони, па се консултираше со шефови, колеги, па нудеше нова гума и муабет дека истата не се поправала и не била безбедна и што ти ја знам што све не, за да во 5 до 12 или 10 минути пред истекот на 1 час, стави лепенка, ја врати гумата на бандаш, ја избалансира, врати на кола и испринта сметка на која што имаше 15 наведени ставки, и кажа дека поправката нема гаранција и дека ние своеволно сме прифатиле поправка на гумата. Си наплати 50 еур.
Ова е од пред неколку години случка.
Место на случката - Околина на Клагенфурт.